Автор Тема: Вицови & Смешки  (Прочитано 1249803 пати)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1245 на: 27 Декември 2011, 22:24:56 pm »
Умрел еден студент и заминал во пеколот. Ѓаволот го прашал:
- Студентче, во кој пекол сакаш да одиш – во студентскиот или во обичниот?
- Подобро во обичниот.
- Отишол студентот во обичниот и генерално бил задоволен – јадење, алкохол, цигари, жени... Само секоја вечер во 21 часот доаѓал ѓаволот и им забивал по еден клинец во задникот. Трпел студентот 2-3 недели и побарал да го преселат во студентскиот пекол. И таму било исто – јадење, алкохол, цигари, млади девојки... Само ѓаволот не доаѓал навечер да им забива клинци. Поминале така неколку месеци. Една вечер кај студентот дошол ѓаволот со полна кофа клинци и рекол:
- Епа студентче, дојде сесија!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1246 на: 27 Декември 2011, 22:26:30 pm »
Спортска новинарка зема интервју од француска гимнастичарка:
- Која е вашата омилена поза во сексот?
- Јас сакам да сум на колена!
- А какви контрацепциони средства користите?
- Кондоми - практични и сигурни се!
... Потоа прашува англиски тенисерка:
- Која е вашата омилена поза во сексот?
- Ми се допаѓа класичната поза!
- А какви контрацепциони средства користите?
- Таблети!
Последно прашува македонска кошаркарка:
- Која е вашата омилена поза во сексот?
- Јас сакам да стојам права.
- А, ако не е тајна каде наоѓате толку високи партнери?
- Па им давам столче и тие се качуваат на него!
- И последен прашање, какви контрацепциони средства користите?
- Го гледам партнерот во очи!
- И што?
- Како што! Зениците кога започнат да му се шират, значи ќе свршува! Тогаш го туркам столчето!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1247 на: 27 Декември 2011, 22:27:56 pm »
Се караат мажот и жената за време на ручекот.
Мажот удира со тупаница по масата и прашува:
- Кој е овде газда во куќата?
... Жената му врзува една шлаканица,
а тој:
- Па, добро де, само прашував.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1248 на: 27 Декември 2011, 22:29:08 pm »
Се побуниле животните од зоолошката поради лошите услови за живеење.
И нормало отишле пред парламентот да штрајкуваат. Влегува лавот како цар на животните да преговара. Излегува после 10 минути нервозен бидејќи никој не го есапел. Сега се понудило магарето да влезе, да проба и тоа да преговара.
Ете го излегува магарето за 5 минути, целото накезено:
- Момци завршив работа, сите услови ни ги прифатија, не сум знаел колку школски другари сум имал тука!

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1249 на: 27 Декември 2011, 22:31:41 pm »
Тетоец доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
- Колку чини овој автомобил?
- 15000 евра – одговара продавачот
- А колку троши?
- 10 литра на 100 километри
... - Многу скапо! А колку чини овој овде?
- 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри
- И тој е скап, а колку чини овој?
- 2000 евра, одговара изнервирано продавачот...
- А колку троши?
На продавачот му здодеал тетоецот и рекол:
- Една лажичка на 100 километри
Тетоецот:
- Лажичка за супа или за кафе?

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1250 на: 27 Декември 2011, 22:37:36 pm »
О дила си некоа жена по улицата и ја пресретнал некој човек и и рекол: „Невесто такво згодно невесте не сам видел до сега ф мое живот. Мора да ве имам макар и на еден момент! Најубава жена на свето си! Јас че ти фрла 500 евра на земјата, а ти додека да се наведнеш да ги земеш јас вече че сам… завршил работа.“

Жената се подзамислила ка чула цифрата и и се јавила на една пријателка. Објаснила и каква е ситуацијата, оти мажо и тера еднаш, а пријателката и рекла да кандиса ич да не се чуди оти тове глупак неможе ни да си смакне гашчите за това време.

После саат ипол па и се јавила на пријателката.

-       „Шчо биде? Зема ле му парите на тове мрсник?“

-       „Земах му, ама тове идиот ми фрли 500 евра фоф монети!“


Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1251 на: 27 Декември 2011, 22:39:38 pm »
Како жените гледаат на Фејсбук чатот .. е вистина е :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1252 на: 27 Декември 2011, 22:44:58 pm »

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1253 на: 27 Декември 2011, 22:52:51 pm »
хахааххааах

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1254 на: 28 Декември 2011, 16:27:27 pm »
Оди скопјанец у охридска кафана.
Нарачуе кременадла ама му носат една многу мала.
Му вика на келнерот:
-Келнер, па што е оваа кременадлава многу малечка нели е страмота бе.
Келнерот:
-Не бе, не воопшто мала така ти се чинит море, кафаната ја проширивме!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45189
  • Il Moderatore
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1255 на: 28 Декември 2011, 16:29:42 pm »
Оди скопјанец у охридска кафана.
Нарачуе кременадла ама му носат една многу мала.
Му вика на келнерот:
-Келнер, па што е оваа кременадлава многу малечка нели е страмота бе.
Келнерот:
-Не бе, не воопшто мала така ти се чинит море, кафаната ја проширивме!

ауууу браво! :D :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1256 на: 28 Декември 2011, 16:54:37 pm »
МАМЕТО НА ТОЈ ШТО МИ ГО УКРАД...









...а еве го.



Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1257 на: 28 Декември 2011, 17:50:22 pm »
Флази некоја млада дама фоф аптека и пита:
- Имате ле презервативи од најгулем број?
- Да, че си купите ле?
- Не, нечу. Ако немате нишчо против јас че причека да вида кој че флезе да си купи. :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1258 на: 28 Декември 2011, 18:26:39 pm »
Лежи Црногорец на нудистичка плажа, го ставил шеширот на половиот орган, а врз шеширот ставил ливче: - Гледање 5 евра. Поминале две дами...

...ставиле 5 евра, го подигнале шеширот и погледнале.

Тогаш една од дамите го прашала:

А колку ќе чини малку да поработи?

Црногорецот и одговорил:

- Ајде бегај од тука, да сакаше тој да работи немаше да проси!!!!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10640
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1259 на: 29 Декември 2011, 11:46:21 am »