ете.. дојде и моментот за сервис на предница... не дека немаше да тера, ама се појави и почна да ме нервира тоа ситно тропкање и од двете страни и некако го приметив на поголема брзина почна да се понаша како да плива по малце... во канал на проверка, па после по делови...
променето:
-двата стабилизатори-нови
-двете виљушки-репарирани
-две спони репарирани
-две јабучици-репарирани
успат и еден затегач на лински каиш изваден, подмачкан на пружина и вратен (не ни знаев дека тоа чудо се подмачкувало)
со се раб. рака на мајсторот 4500 денари...
после тоа нуме, ме однесе кај еден негов пријател во комшилук што штелува предници и за регуларна цена од 500 денари човекот прво си провери се, си наштелова компјутерски, си ја престегна цела предница и тоа е тоа... ми падна во око дека типот е детален во својата работа... нешто што не се гледа во последно време по мајстори... а да... и сервизот му беше чист, да го лижеш и се педантно скоцкано... се гледа дека мајсторов е пицајзла... па и тоа не се гледа по мајстори во задње време...
очекував далеку по високи цени за волво... ова ко за лада да правев испадна ценава...
останува уште да стигнат двете гуми со чаури што се на амортизерите... се исцепале гумите и на амортизери тропкамке го средам и тоа деновиве за да не тропка... сега е стегнато волвото и нема пливање... еден ваков сервис на 150.000 е би бил среќен