Коментари полни со нервоза, а засновани на ,,слушнав..” и ,,сите така викаат..”.
Ме потсеќа на времето кога истовремено студирав и во куќната гаража почнав да вградувам плински уреди. Тоа беше времето на ладите и заставите, време на коментарите ,,слушнав” и ,,сите така викаат”, време кога и моите коментари кон клиентите се засноваа на ,,слушнав” и ,,така ми рекоа”. Тогаш беше ,,општо познато’’ (сите викаа), дека плинот го уништува моторот, и механичарите скоро секој ден среќавале последици (читај: гореле моторите) кај заставите и ладите кои имаа вградено плински уред. Би ме радувало, сега, после шеснаесетина години, да ми објаснат зашто ладите и заставите сеуште се во возна состојба. Уште колку треба да чекаме за да догорат моторите.
chlink: А сега нигде ги нема (се однесува за плимонт и темава)
Зашто?
Затоа што времето на ,,рекла - кажала” помина. Денес е време на информации, здрави информации, поткрепени со испитувања и огромно искуство. Ниеден од моите вработени не смее да даде одговор кој не е поткрепен со факти добиени од реномирана институција или компанија-глобален играч во светот на авто-индустријата, и не можат да влегуваат во дискусии каде што целиот разговор се сведува на информации од механичари, продавачи на возила... (гледано од аспект на влијанието на плинот врз елементите на возилото)
Плимонт не дава совети зашто ,,така слушнал”, секој совет кој си го добил од Плимонт, всушност е совет на институција или компанија која е реномирана и ценета во сферата на автогасот во светски рамки, и зад кој стојат испитувања на кои се трошат милионски цифри.
Инволвирани страни:
1. Плимонт
2. механичарите на chlink
3. Ланди Рензо
4. Алфа ромео
1.Плимонт:
-Нема лаборатории за испитување на материјали
-Нема лабораторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Нема испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.
-Плимонт вградува во просек 100 плински уреди месечно, повеќе од 1000 на година, откога почнаа гласините за негативното влијание на плинот врз вентилите на возилата (веќе седум години), во Плимонт се вградени над 7 000 плински уреди.
Врз основа на овие податоци, Плимонт не може да испита дали вентилите на алфата изгореле поради плинот. Затоа се базираме врз податоци од испитувања кои ги спровел некоја институција или моќна компанија.
2. механичарите на chlink
-Нема лаборатории за испитување на материјали
-Нема лабораторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Нема испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.
На која основа го изнесуваат своето мислење? Веројатно на,,Така слушнале”?
3. Ланди рензо
-Има лабoратории за испитување на материјали
-Има лабoраторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од возилата
-Има испитен центар во кој ќе се симулира движење на испитно возило на плински погон, на кое после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), за да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии.
-
Капацитет: 1600 ВОЗИЛА НА ДЕН / годишна продажба: преку 1.2 милиони системи.
Ланди Рензо е групација која има енормни капацитети за производство, тестирање и контрола , како и лаборатории кои коштаат милиони евра.
Овде ќе се надоврзам и на списоците кои се постирани од нас на втората страна од темава.
Освен списокот од Ланди Рензо, поставени се уште два списока со возила кои може да појават проблем;
-Списокот на Принс
Принс се базира на три извори: customer (би го превел како, дилерите на принс), Принс (сопствени испитувања и искуства) и A.E.B (тој е во склоп на Ланди рензо и е најголем производител на електроника за алтернативни горива).
-Списокот на Флеш Лубе
Бидејќи Ланди Рензо и Принс произведуваат авотогасна опрема, го постирав и списокот на Флеш Лубе, бидејќи на таа компанија би и одговарало на списокот да има повеќе типови на возила.
Меѓутоа, Алфа Ромео го нема на ниеден список. И тие возила кои се спомнати на списокот немаат проблеми со вентилите доколку не се возат под високи вртежи цело време, а за Алфа Ромео, бидејќи не фигурира на списокот, излишно е да се разговара на оваа тема.
Одговорот од Ланди Рензо:
4. Алфа Ромео
За жал, до овој момент немам одговор од компанијата Алфа Ромео, меѓутоа очекуваме одговор и од нив, кога ќе го добиеме веднаш ќе го постираме.
Заклучок:Конструкцијата и материјалот од кој се изработени вентилите на возилата од гамата на Алфа Ромео не дозволува оштетување на истите поради користење на плински погон во било кој режим на возење.
Јас сум Атанас Милошевски, сопственик на Плимонт, бев ,,Атанас кој монтира плински уреди” во времето на заставите и ладите, сега сме екипата на ,,Плимонт,, Навистина жалам за случката со вентилите, но проблемот дефинитивно не е предизвикан од Плимонт и од плинскиот уред кој е поставен на возилото.
Ние со вградени над 7000 возила во последните седум години, не се осмелуваме да дадеме совет без да се консултираме со Ланди Рензо ( компанија која самостојно вградува и до 1600 возила на ден), не ми е јасно како некој на своја рака се осмелува да даде паушално ,,стручно” мислење за вакви сериозни прашања.Eдноставно кажано -топлата вода веќе е измислена, не може Плимонт и механичарите од Македонија повторно да ја измислуваат.
Имав во план да постирам уште неколку работи, обврските ме притискаат, мислам дека и ова е доволно. Ви го оставам Звонко да продолжите со дискусиите.
Поздрав