Од една
јавна набавка на генерален секретаријат на Влада:
" ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
за доделување на договор за јавна набавка на услуги – софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни
Софтверот е наменет за управување и контрола на уреди/камери со помош на кои се одредува просечната брзина на возилата. Уредите/камерите се поставени на патиштата на различни локации. Секој уред/камера е регистриран/внесен во софтверот. Уредите се мобилни и не зависат од никаква инсталација затоа што безжично се полнат со енергија и имаат безжичен интернет така да секојдневно може да се поставуваат на различни локации.
Суштината на софтверот е да ја мери просечната брзина на движење на едно возило.
Софтверот од камерите добива слика од возилото кое поминува во моментот, сегментирана регистарска таблица и ГПС локација. Дополнително уредите имаат вграден алгоритам за OCR (Optical Character Recognition) на регистарските таблици на возилата (ги чита таблиците на возилата и ги претвара во бројки и букви во дигитална форма).
Кога автомобил ќе помина покрај уредот, истиот ја отчитува неговата регистарска табличка и ја претвара во букви и бројки. Уредот преку интернет конекција праќа информации до софтверот, за регистарските таблици на возилото, времето кога е отчитана таблицата и ГПС локацијата на уредот. Автомобилот продолжува да вози и кога ќе дојде пред друг уред поставен на друга локација, уредот повторно ги чита таблицата и го евидентира времето на поминување и ГПС локацијата на тој уред и ги испраќа до софтверот. Откако софтверот ќе ги добие податоците, тој пресметува колкаво е растојанието помеѓу двата уреди, за колкав временски интервал го поминал автомобилот растојанието и ја пресметува просечната брзина со која се движел. Доколку просечната брзина е поголема од дозволената брзина во тој простор, системот автоматски генерира казна за возачот.
Софтверот користи ГПС мапи за да знае во кој дел од делницата колку е максималната дозволена брзина и во зависност од тоа и пресметува дали е извршено преминување на максимално дозволената просечна брзина за таа делница.
"