кажи ја приказната за лиса... ке имаш лајкови многу (ако имаше опција)...
Приказната на Лиса е тажна, со хепи енд (сега за сега).

Мајка ми и татко ми ја нашле фрлена во река, прегазена на задните нозе. После тоа татко ми со еден пријател ја извадиле од таму. Плачела многу, задните нозе биле целите во рани, и не можела да оди. Мајка ми ги чистела раните со бетадине две недели, и давала по четврт аналгинче на ден за да може да спие. Лиса оздраве, се измазни, и е едно многу весело и благодарно куче. Е сега оди малце настрана (ѝ шета газот заради повредите).
Единствена “мана“ е што сега е толку приврзана кон луѓето, и мора да лежи/спие до некој. На пример, ако некој седи/стои во двор, доаѓа, легнува и мора да е допрена до него (макар и на прстот). Ако се подместиш, се подместува и она. Паметна е многу, и секогаш пробува да искористи ситуација да направи беља. Инаку и таа се запозна со познатиот мајстор Боро.

Страшното е што, Лиса да ти била чистокрвен загар, и ловџиите ѝ се имаат намерачено. Запнале да ја купуваат. Ставот на мајка ми е, 3 000 евра да ми дадат, не ја давам.
Кога бев дома, дојде еден и почна да филозофира како Лиса била негова, како сме го украле кучето, бла бла. Јас сум мирен тип, ама ќе го кркаше прописно ако не ме послушаше да си го фати патот под нозе. Па некој ден, можно е и да ја украдат, затоа што сме бербат народ.
