Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 769518 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3645 на: 25 Март 2015, 16:49:31 pm »
Од прилика по колку пари се оргинал пинч кучиња ?  Ми нудат машко, година и 2/3 месеци старо..

Само малце незнам како ќе биди пошто ова е дома чувано рането со специјална храна за кучиња а јас планирам во двор да го чувам и да го хранам малце поразновидно ;D ...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20146
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3646 на: 25 Март 2015, 16:53:49 pm »
А што викаш да не зимаш куче ако не го чуваш ко што треба?

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4013
  • MadaFunker
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3647 на: 25 Март 2015, 16:57:14 pm »
Пинч не за во двор Бузуки, за во двор земи си xxl верзија на пинч т.с доберман :D
New blood of old school

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3648 на: 25 Март 2015, 17:02:00 pm »
А што викаш да не зимаш куче ако не го чуваш ко што треба?
Зошто, што има лошо во тоа да стои пуштено во двор од 200 квадрати ?

За јадењето, предходното куче го хранев со што ќе стигнам тоест што јадев јас исто и тоа... 8 години живееше и на крај го згази кола..

Пинч не за во двор Бузуки, за во двор земи си xxl верзија на пинч т.с доберман :D
Хахаха  :D Абе човеков за 1500 денари ми го дава... Иначе германски овчар (вучјак) барам,ама скоро и да ги нема во градов..

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20146
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3649 на: 25 Март 2015, 17:07:00 pm »
За јадењето мислев, а пинч не е за у двор ко што рече принц.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3650 на: 25 Март 2015, 17:11:07 pm »
Арно ти вика Принц, ако ти е за во двор земи некоја поголема верзија ;D Што се однесува до јадењето, нема ништо да му биди ако го храниш со "разновидна" храна. Не знам шо толку се потресувате дека морало храна посебна за кучиња ама не од 100 денари туку од 200...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3651 на: 26 Март 2015, 00:19:37 am »
10 работи кои ќе ги сфатите ако се заљубите во девојка која сака кучиња
 

1. Никогаш нема да бидете сигурни дали повеќе ве сака вас или нејзиното куче.

2. Секојпат кога се шетате низ градот или некаде во природа, ако види куче сигурно ќе застане да го погали. Сметајте дека ќе изгубите минимум половина час.

3. Исто така, секојпат кога ќе здогледа куче, почнува да се „лигави“ дека и таа сака некое такво, иако веќе има 3 такви.

4. Секое расправање е залудно, нејзиното куче мора да спие со вас во креветот и точка.

5. Ако ги разгледаш фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил на пола од нив е таа со кучето, во остатокот е само кучето. Твои слики скоро и да нема.

6. Поскоро би легнала и би заспала покрај кучето, отколку покрај тебе. Од друга страна, пак, неодолива е глетката кога ќе ги видиш како спијат заедно.

7. Влакната од кучето се насекаде, дури и на тебе, па и кога неа ја нема.

8. Кога гледате заедно некој филм сосема е нормално и вообичаено, кучето, без разлика колкаво е, да скокне на креветот и да се смести баш помеѓу вас. Не се обидувај да го тргнеш, поголеми се шансите дека ти ќе завршиш на подот.

9. Не се чуди ако многу често слушаш како на кучето му се обраќа со: „Љубов моја!“

10. Кога ќе те запознава со кучето нека не те чуди ако те претстави како „негов тато“.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3652 на: 26 Март 2015, 00:25:49 am »

Арно ти вика Принц, ако ти е за во двор земи некоја поголема верзија ;D Што се однесува до јадењето, нема ништо да му биди ако го храниш со "разновидна" храна. Не знам шо толку се потресувате дека морало храна посебна за кучиња ама не од 100 денари туку од 200...

Пошто не све што јадат луѓето, е подобно за кучето.

Бузуки, пинч у двор е као виршла у ходник, ако ме разбираш. Подобро не го ни зимај, ако не планираш да го чуваш. Нема потреба живо битие да пати, чисто онака ради реда.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3653 на: 27 Март 2015, 02:24:35 am »
Вака беше ногата кај моето кутре, само не требаа да го осакатат до крај.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3654 на: 27 Март 2015, 15:38:52 pm »
Дечки, која цена одат Бигл кутренцата? :) Видов во кафич на столче прееска едно, како дете беше ;D Со ушиња големи, ми остави впечаток на мирно кученце. Башка не растат многу.



Спаѓа во 10 раси за мрзливи сопственици  ;D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3655 на: 27 Март 2015, 16:47:46 pm »
Децата немаат големи уши, таман им се. И не се мирни ;D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3656 на: 27 Март 2015, 17:13:12 pm »
Го кажав во смисол како човече мало, седнат на стол многу беше интересен и мирен. Ушињата башка :)  Инаку зошто бе, има и мирни деца, не се сите бандити :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10990
  • 430i
Одг:
« Одговори #3657 на: 27 Март 2015, 20:31:56 pm »
Кај има да купам 2-3? :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3658 на: 27 Март 2015, 20:54:09 pm »
Многу се смешни ем слатки, ама ги бие глас дека биле мутави. Јас лично не верувам во тоа :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #3659 на: 28 Март 2015, 12:12:38 pm »
^ Можеби делуваат така пошто се мрзливи ;D