Jaс еднаш ќе зарогав овака едно, кога и се сипаше на внука ми. Ама онака со бесно лаење со покажани заби. Мала беше внука ми, од памет се извади и потоа не знам колку време не можев да ја смирам... а во моментот џукелчето упорно не се тргаше на викање и продолжуваше да се пушта точно кон нејзе, со извесна агресивна намера. Имаше џукелата среќа (и рефлекси) па се тргна пред мојот волеј. За разлика од ова на видеово.
Значи јас сакам кучиња, и животни воопшто. Ама се си има место, начин и пропис. Прво кучево треба да биде на поводник, а второ и со маска. А газдите треба да го воспитаат да не биде агресивно кон странци и други животни, и секако кога веќе е такво какво што е -да не го ставаат вака во ситуација да загрозува туѓа безбедност или раат. Типот погоре можеби беше прегруб, ама кој знае дали можеби има некој патолошки страв од кучиња или оваа случка со истава џукела редовно му се дешава, или така нешто слично... во секој случај добра васпитна му залепи.

Башка таквите мали кучиња се најразгалени, зошто ним најмногу им се попушта. На поголемите кучиња едноставно не им проаѓа такво однесување, без да имаат последици од газдите. Ама малите кученца, „остај го мало е... баш е слатко и интересно„. Е да, ама затоа и (по некои статистики) над две третини од каснувањата на луѓе се од малите раси. Плус кога некад ќе се закачи со поголемо куче, тоа куче ќе испадне автоматски криво пошто нели, поголемо е.
Е*аго, мразам мали разгалени кучиња.
