Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 897079 пати)

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1635 на: 20 Декември 2013, 16:19:17 pm »
Премногу сакам животни и сум чувал еден куп. Имам голем двор и постојано некоја џукела скитник си наоѓа престој и храна кај мене. Никогаш не сум малтретирал животни.
Ама се' си има граница. Некако не ме бендисва сликата јас да мезам салатичка со ракија во некое од омилените ресторанчиња, а на соседната маса да гледам некоја џукела шо цело време си ги лижи мадињата...

Пусто модерно време шо прај...

Моментално на интернет сурфа, темава ја чита :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Re: Домашни Миленици
« Одговори #1636 на: 20 Декември 2013, 16:19:54 pm »
Апла никаква врска со ,,УСА софт поинтс" према било што.

Јас моите лични примери ги посочив од Европа, поточно Унгарија, Австрија, Чешка, Германија, Словенија и Хрватска. Балканскиот синдром си се појави со појавата на лошиот квалитет на патот, односно при преминот од цивилизација во Србија. Сега и Србија прави исчекор напред, и мене лично тоа ме радува. Можеби некој убав ден, многу декади од сега, ќе успееме и ние да го докомплетираме менталниот еволутивен процес.

@ипкис: ако си врзал куче или џукела у двор, тоа ни под разно не значи дека си се грижел за/ или си одгледувал миленик.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1637 на: 20 Декември 2013, 16:21:21 pm »
Фигуративно спомнав УСА.

Они имаат такви предиспозиции од влакното ортома да напраат па и затвор да се лежи за ништо...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Re: Домашни Миленици
« Одговори #1638 на: 20 Декември 2013, 16:23:34 pm »
И глеам душички се, патат секојдневно од тоа што имаат легални геј бракови, им шетаат травестити, и од луѓе што идат со кучиња у ресторани.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1639 на: 20 Декември 2013, 16:24:29 pm »
@Ipkisija Meskosa не би требало да мешаме џукелчиња што лижат мадиња во дискусијата. Затоа оди во погрешен правец.
Збориме за домашни миленици, чувано, третирано. Не за џукела.
Јас ти гарантирам дека таков џукац или не пазено куче помалку ќе мириса и ќе ти го ремети мирот при сркање ракија, отколку неговиот газда.
Кучето е одлика на газдата кој го чува.
Исто е и со децата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1640 на: 20 Декември 2013, 16:25:11 pm »
Не не, во сите тие наведени места има обележано каде смее а каде не смее животни. А во хотелите кај што смее ретко се случува да може да се носи животно во просторот кај базенот на пример и слично.

Си има регулативи.

Во наведените земји некаде смее да се носи животно, некаде не. На букинг имаш знакче дека смеееш да си носиш. А почесто нема знакче.

А тоа дека во „Чешка, Словенија, Хрватска, Унгарија“ ќе се шеташ кај сакаш со животно, ќе се запрашаме. На места каде што смее - да. На места на кои несмее не. Како што налага знакот пред објектот.
@Ipkisija Meskosa не би требало да мешаме џукелчиња што лижат мадиња во дискусијата. Затоа оди во погрешен правец.
Збориме за домашни миленици, чувано, третирано. Не за џукела.
Јас ти гарантирам дека таков џукац или не пазено куче помалку ќе мириса и ќе ти го ремети мирот при сркање ракија, отколку неговиот газда.
Кучето е одлика на газдата кој го чува.
Исто е и со децата.
Ќе помисли некој дека домашни кучиња не си ги лижат мадињата.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1641 на: 20 Декември 2013, 16:27:32 pm »
^ Можеби ќе помисли. Можеби мадињата на домашното куче се почисти од мадињата на тој што ќе помисли.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1642 на: 20 Декември 2013, 16:28:22 pm »
Да бе стварно, домашно куче има манири. Лижи мадиња, ама не пред други :)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1643 на: 20 Декември 2013, 16:31:07 pm »

Домашните кучиња поминуваат курс по бон-тон. Јадат со прибор и користат салфета

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1644 на: 20 Декември 2013, 16:33:42 pm »
Да де, ама од соседната маса некој да се исповрати или си каже матичен број ждригајќи или да заменува певаљка е сосема ОК. Пошто не е куче :)

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1645 на: 20 Декември 2013, 16:37:56 pm »
Значи размислував да ги спомнам и сите тие „животињи“ што би можеле да седат на соседната маса, ама муабетот беше за домашните миленици, затоа ги избегнав останатите пречачи во уживањето во салатата и ракијата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1646 на: 20 Декември 2013, 16:38:56 pm »
Изгледа владее некоја заблуда дека човек е исто со куче, змија и волк.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1647 на: 20 Декември 2013, 16:42:57 pm »

 - Почитувани, во нашето 15 годишно работење со хотелиерство ниту еднаш не се случило куче да поврати во лифт, да моча на скали, да се дере од тераса и да фрла пивски флаши во базен. Одтука, ќе ни биде задоволство да ве угостиме вас и вашиот миленик.

Ете така.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1648 на: 20 Декември 2013, 16:51:24 pm »
Најчесто, во денешно време, добро воспитано куче е поцивилизирано од 95% од народот што шета по улиците. Конкретно пред две недели седев на кафе во Дизајн кај Зебра и една типка си дојде со кучето и уште три други на кафе. Кучето си легна до нејзиниот стол и не мрдна се додека типката не стана да си оди. А ми се има случено пијан човек да го крене цел кафич на нозе.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1649 на: 20 Декември 2013, 16:54:32 pm »
Премногу стана модерно да се чуваат домашни миленици, особено по станови, затоа секој ходник од секоја зграда смрди на мочка...
Премногу е модерно да се излези со кучето на кафе, а дека владеј една толкава култура, па во тој дух се воспитани и домашните миленици, абе да ти е мерак да ги гледаш кај шо подзастануваат по Корзо да се испосерат и продолжуваат понатаму, без на никој око да му трепни...
Или пак си се шетам по Корзо со малечко детенце и од нигде никаде притрчува еден навистина убав Лабрадор, го душка детенцево и го зашлапува со јазикот така сочно...
Детево не знаеше кај да тера, свеста му се зеде, се распиште...баш во тој момент му објаснував дека тоа е домашно куче, дека не каса, забите му се миени со Сигнал, јади Тик-Так за да не му смрди здивот...
Абе преку таквото ми дојде од џукели на сите страни, на секаде...
Ама да не забегуваме сега за правата на домашните миленици, оти кај нас како прво ние немаме права...

Значи да резимираме:
Кој сака нека си чува миленик, од било која раса, ама нека има троа намус, нека внимава малку и на околината, а не само на тоа негово сераторче.

А за пијаните сељаци и слични такви појави, нека се погрижи друг. Зборуваме за миленици.