Премногу стана модерно да се чуваат домашни миленици, особено по станови, затоа секој ходник од секоја зграда смрди на мочка...
Премногу е модерно да се излези со кучето на кафе, а дека владеј една толкава култура, па во тој дух се воспитани и домашните миленици, абе да ти е мерак да ги гледаш кај шо подзастануваат по Корзо да се испосерат и продолжуваат понатаму, без на никој око да му трепни...
Или пак си се шетам по Корзо со малечко детенце и од нигде никаде притрчува еден навистина убав Лабрадор, го душка детенцево и го зашлапува со јазикот така сочно...
Детево не знаеше кај да тера, свеста му се зеде, се распиште...баш во тој момент му објаснував дека тоа е домашно куче, дека не каса, забите му се миени со Сигнал, јади Тик-Так за да не му смрди здивот...
Абе преку таквото ми дојде од џукели на сите страни, на секаде...
Ама да не забегуваме сега за правата на домашните миленици, оти кај нас како прво ние немаме права...
Значи да резимираме:
Кој сака нека си чува миленик, од било која раса, ама нека има троа намус, нека внимава малку и на околината, а не само на тоа негово сераторче.
А за пијаните сељаци и слични такви појави, нека се погрижи друг. Зборуваме за миленици.