Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 700057 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1575 на: 19 Декември 2013, 18:18:53 pm »
Не прави инатски муабет каде не му е местото и не прави споредби кои очиледно тебе не ти одговараат да се на исто рамниште.

Еве јас обожавам Кане корс куче покрај Малино. Како ќе изгледа неговото лигавење во еден ресторан. Мене лично не би ми сметало, јас не би се замарал се додека нечиво куче не проба во тањир да ми влезе, дури и тогаш нормално би изреагирал и би пробал на најљубеезен начин да го тргнам. Ама има луѓе кои се плашливи, гадливи и сл.

Или да ги пратиме и нив на психијатрија и да ги натепаме со апчиња против гадење?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1576 на: 19 Декември 2013, 18:21:53 pm »

Мислиш Мулино, не Малино, односно Воденица? :)

Мене не би ми пречело, дури мислам дека и Столе (сопственикот ) како некој што живеел во Италија подолго време не би имал против.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1577 на: 19 Декември 2013, 18:22:54 pm »
Дали според тебе кучињата треба да се третираат како луѓе?

За оваа раса мислев:

https://www.google.com/search?q=malinois+dog&client=firefox-a&hs=THO&rls=org.mozilla:en-US:official&tbm=isch&tbo=u&source=univ&sa=X&ei=zCuzUpbwEYbDtAbi5YDoDA&sqi=2&ved=0CDIQsAQ&biw=1680&bih=921

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1578 на: 19 Декември 2013, 18:25:57 pm »
Не зборуваме за љубовта кон животните. И јас сакам животни било какви. Зборуваме за јавната инволвираност на кучињата секаде и во секој момент. Тоа е тоа што не е дозволено. Јас детето не го носам секаде а камо ли па куче. Безвезно е да се прави муабетов, куче во ресторан, мислам дното на глупоста world wide.

Убаво реков уште на почетокот:

Ќе ве молам да ја поштедите темава од неандерталски испади.

Колку за инфо, низ пола Европа, во ниеден момент немавме препрека за слободно движење со кучето. Ниту во ресторани, ниту во трговски центри, ни бутур. Во неколку наврати беа прекршени забраните за кучиња, поради расата на моето куче и повторно ни беше слободно движењето. Единствено секаде е забрането внесување на куче во супермаркет и тоа сосема го разбирам. И не е дозволено да се внесува куче во места од историско значење (палати, замоци и слично).

Али да, што знаат они, идиоти европски, ние сме драстично попаметни од нив.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1579 на: 19 Декември 2013, 18:27:00 pm »
Не зборуваме за љубовта кон животните. И јас сакам животни било какви. Зборуваме за јавната инволвираност на кучињата секаде и во секој момент. Тоа е тоа што не е дозволено. Јас детето не го носам секаде а камо ли па куче. Безвезно е да се прави муабетов, куче во ресторан, мислам дното на глупоста world wide.

Хотелов што го пратив во линкот, има на сајтот место за коментари и мислења. Можеш ова мислење да им го пуштиш ако сметаш дека тоа не е нормално што дозволуваат. Сигурен сум дека ќе бидат благодарни во искрените желби да го подобрат квалитетот, и да привлечат што повеќе нови гости (поготово од нашиве краеви)

Во ред, имаш право. Но тој хотел е КУЧКАРСКИ хотел. Во тој случај не ми пречи. Секако не би отишол во кучкарски хотел.
Ако „кучкарски“ звучи навредливо за некого се извинувам, не ми е поентата да вреѓам некого туку да потенцирам дека не е воопшто чудно да постои кучкарски хотел. Но ако хотелот си ибрал таргет група да му бидат сопственици на животни на кои АБСОЛУТНО не им пречи присутството на туѓите животни во непосредна близина тогаш нека си тера така. Fine with me. Нема проблем.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1580 на: 19 Декември 2013, 18:29:00 pm »
Не зборуваме за љубовта кон животните. И јас сакам животни било какви. Зборуваме за јавната инволвираност на кучињата секаде и во секој момент. Тоа е тоа што не е дозволено. Јас детето не го носам секаде а камо ли па куче. Безвезно е да се прави муабетов, куче во ресторан, мислам дното на глупоста world wide.

Убаво реков уште на почетокот:

Ќе ве молам да ја поштедите темава од неандерталски испади.

Колку за инфо, низ пола Европа, во ниеден момент немавме препрека за слободно движење со кучето. Ниту во ресторани, ниту во трговски центри, ни бутур. Во неколку наврати беа прекршени забраните за кучиња, поради расата на моето куче и повторно ни беше слободно движењето. Единствено секаде е забрането внесување на куче во супермаркет и тоа сосема го разбирам. И не е дозволено да се внесува куче во места од историско значење (палати, замоци и слично).

Али да, што знаат они, идиоти европски, ние сме драстично попаметни од нив.

Во Antibes (прекрасно градче, каде што некоја светска елита ги луфтираат своите јахти, каде што на јавен паркинг прилично честа кола е Ферари или Ламборгини, каде што се наоѓа музејот на Пикасо и каде што самиот Пикасо живеел), беше дозволено куче и во супермаркет (на водилка).

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1581 на: 19 Декември 2013, 18:35:02 pm »
Можам да ги замислам тие со Ферари,Бентли богатите,како Парис Хилтон на пример.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1582 на: 19 Декември 2013, 18:37:19 pm »
Дали според тебе кучињата треба да се третираат како луѓе?

За оваа раса мислев:

https://www.google.com/search?q=malinois+dog&client=firefox-a&hs=THO&rls=org.mozilla:en-US:official&tbm=isch&tbo=u&source=univ&sa=X&ei=zCuzUpbwEYbDtAbi5YDoDA&sqi=2&ved=0CDIQsAQ&biw=1680&bih=921

Баш убаво куче.Ако некогаш земеш баш би сакал да го видам  во живо.

Јас се запалив за оваа раса:

http://2.bp.blogspot.com/-usdA6oWrQ2I/TmXi4PPZG4I/AAAAAAAAA3o/CJnowVZ0rAo/s1600/Basset-Hound-Wallpaper-dogs-7013792-1024-768.jpg

Прекрасен карактер.. Ми идеше да праам да пукне со него.. Тотално неагресивно, пријател со сите (маана за куче чувар му е што е пријател со сите).

Меѓутоа пошто ги влече ушите по земја , склоно на инфекции на уши и со нежно здравје.

Јас се мислам да земам пак куче, и веројатно би избрал или улично, или ретривер/лабрадор (сакам кучиња што се неагресивни и пријатели со сите).

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1583 на: 19 Декември 2013, 18:41:40 pm »
Можам да ги замислам тие со Ферари,Бентли богатите,како Парис Хилтон на пример.

Не баш.. Парис Хилтон доаѓа со приватен авион или хеликоптер, или некоја јахта.

Ќе се зачудиш колку луѓето во таа средине не се замараат и не се опседнати кој што вози и слично.

Имавме ситуација да промашиме некакво казино што го баравме, и да дојдеме до некоја вила каде што имаше концерт на TEXAS.

Пред нас имаше Ферари, позади нас некакво Бентли.. Ние со HONDA HR-V целата изгребана, прљава и слично..

Ни отворија врата ко и на сите, ми зедоа клучеви и ни ја паркираа колата. Едино ми објаснија дека dress кодот вечерта е одело (бев по фармерки и маичка), и дека и тоа не е проблем , пошто има да се изрента одело.

Не се купуваше карта за концертот, ама мораше да се купи пијачка или вечера.. Чаша пијалок 50 еур, вечера од 100 еур па нагоре по човек.

Бидејќи не бевме соодветно облечени, и ни беше скапо, самите замоливме ако може да ја добиеме колата назад, и дека можеби друг пат.

Најљубазно ни ја довозија колата, ни отворија врата и добивме исти однос ко да дојдев со Бентли..

Тоа е една од разликите измеѓу тој свет и нашиов свет..Имање предрасуди..

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1584 на: 19 Декември 2013, 18:43:08 pm »
Има едно во парк еден дечко го шета, многу интересно онесување има. Ова куче обично не е пријател со сите ама па не е ни агресивно во цивилна употреба, многу опослушно и лесно за дресирање и многу прврзано со сопственикот. Јас сакам куче да ме слуша, добивам осет како да кмуницирам со него на еден повисок степен од вообичаеното а и обожавам да планинарам па мислам дека обро друштво ќе ми биде.

Убав избор, интересни се, имам гледано неколку. Секој избор е добар доколку ти си задоволен, кучето секако ќе биде :) .

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14069
  • Пудингот на шоферството
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1585 на: 19 Декември 2013, 18:43:54 pm »
Колку само не ми го свати муабетот.Ама нема врска,ионака не мора да се убедуваме.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1586 на: 19 Декември 2013, 18:45:19 pm »
Има едно во парк еден дечко го шета, многу интересно онесување има. Ова куче обично не е пријател со сите ама па не е ни агресивно во цивилна употреба, многу опослушно и лесно за дресирање и многу прврзано со сопственикот. Јас сакам куче да ме слуша, добивам осет како да кмуницирам со него на еден повисок степен од вообичаеното а и обожавам да планинарам па мислам дека обро друштво ќе ми биде.

Убав избор, интересни се, имам гледано неколку. Секој избор е добар доколку ти си задоволен, кучето секако ќе биде :) .

Јас па сакам кучиња што се скроз неагресивни, и пријателски настроени и помалку своеглави и со карактер :)

Ако земеш куче обавезно да го запознаам :) Инаку можеби се знаеме од планина чим сакаш да планинариш, бидејќи еден период често планинарев и јас.

Не престанав, туку само сменив начин :) Последниве 20 години планирам со точак :)

Кога го имав Далматинецот, барем два пати неделно одев до врв на водно со него пешки

Дарко

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1587 на: 19 Декември 2013, 18:47:52 pm »
Нов сум јас во планинарењето, година и некој месец. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1588 на: 19 Декември 2013, 18:48:40 pm »
Кучиња поштуем и имам едно, но што ако моето милениче е рецимо Прч ..

Дали и мене ќе ми биде дозволено да влезам со своето милениче на едно кафенце ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17295
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1589 на: 19 Декември 2013, 18:55:55 pm »
Зборуваме (барем така го сфаќам ова), за нормален, реален свет во кој живееме и од кој претпоставувам го водиме овој муабет, во форма на Балкан.[
Ако сум ретардиран со сериозни пречки во ментален развој и психичко здравје, би ја одбил понудата и во револт би заминал од наведениот хотел-ресторан.

Ако за тебе нормално е самото Балканот со целата култура , и ако не тежнееш да одиш напред со гледањето на нештата и да напредуваш и ти самиот,  мене ми е искрено жалосно да млад човек од старт дефинира дека нормално е само околината што ја гледа низ прозор, и дека немаш ни малку желба да видиш и нешто друго, што можеби е ниво над тоа што гледаш низ прозор.

Од друга страна.. Па ако баш ми смета животно и сум принципиелен, ќе одбијам сместување во хотел каде што има животни, па колку сака нека е луксузен.

Го прочита зборот "нормален" а го промаши "реален"? Намерно нешто или...?

Веројатно го промаши и моментот каде што напишав дека сум 100% толерантен на животни и сакам да чувам куче.

Тоа што не го промаши е да ме наречеш жалосен, за жал. Но ако, сум научил да толерирам до одредени граници како се однесуваат со мене на форум, па за цел на одржување на дискусијата ќе се преправам дека не го прочитав тоа.

Сега, малку ќе ти објаснам за тоа како јас сум (или се сметам) за човек отворен кон нови нешта и со силни амбиции да го оставам родниот праг и да барам земја за живеење што повеќе ми одговара. Но тоа не е битно. Битното тука е што моите родители се луѓе по 50+ години, воспитувани - да, баш така - југословенско балкански. Затоа што се такви и кучето го сметаат за животно - чувар, јас треба во новина да објавам дека се откажувам со нив? И тоите родители поседувале маана која тебе ти пречела, си ги отпишал? Не, сеуште се дружите на фамилијарни ручеци, вечери, можеби и живеете во ист објект. Така и јас спрема моите родители. Нема, затоа што некој сакал кучето да го донесе во ресторан, јас да им откажам на моите, што ги немам видено со месеци, вечера во истиот тој ресторан.

П.С. Да останеме на темата, да не навлегуваме во тоа кој какви амбиции има во животот, и дали е нормално она што го гледа низ прозор. Сакам да издискутираме до крај како ти го оправдуваш моментот кога некој се гади или плаши од твоето куче, без разлика дали ти си го издресирал или избањал до стопостотна перфекција. Едноставно психата на луѓето, градена со години, ги спречува тотално нормално да се социјализираат со животно.