Абе и така да се прошетам по кеј ми се лепат жени... ама што ќе им прам, не ме бива...
Него за кучињава... мислам дека се претера со кучкарствовово...
Над мене џукела, под мене џукела... спроти мене неколку џукели... лаат, вијаат, на сабајле, навечер, оставени сами, на тераса или дома сеедно. Во ниедно време ме будат од спиење. Секако им сметаат и на тие што ги купиле за украс, ама не ми е гајле за нив што им сметаат, зошто сум должен јас постојано да ги слушам над глава?
Им подреков културно дека сметаат, некој после работа сака да се одмори, не лаење да слуша постојано, ама глеам ги исповетуваат исто со деца мали... заминало у курац штом џукела споредуваат со дете.
Купив стан во мал комплекс во фина населба, подалеку од метеж,... искрено ко на бачило да живеам се осеќам на моменти. Отвараш врата или џам слушаш однадвор во околните куќи постојано завивање, затвораш врата или џам слушаш над тебе, под тебе, во ходник ко ќе одат на мочање/серење.
Комшивка (среќа не слушам јас од таму, ама слуша друг) во станче од 39 квадрати има 2 кучиња плус 3 мачки. Удобно.
Муабето дојде оди пресели се в планина кај волците и мечките, можи ќе се одмориш.
Сум растел и јас со кучиња, сме чувале неколку низ годините, ама не биле олку досадни, сериозно. Ама си имаа занимација низ двор по цел ден очигледно, па ноќе ги мрзеше да лаат. Сега кога одам кај моите, исто, ко на бачило

Сега на овие новиве многу права им се дале, вог, кансел култура, шта чеш, само лаат

П.С. Има доберман во комшиите, често поминвам покрај него... воспитано момче, паметно
