Ima li po forumov nekoj shto se razbira od bordoshki dogi ili eventualno bulmastifi da spodeli iskustvo so niv vo makedonijava?
Јас чувам булмастиф веќе 11 години, еден период дури три ги имав истовремено (не одгледувам, од мерак). Преубави кучиња, мрзливи, бараат пажња многу ама и пружаат. Се митарат доста па си бараат често четкање и усисавање доколку ги чуваш дома. Исто така се лигават превише, но се навикнува човек да шета со марамици и да кречи барем еднаш годишно

Доста се територијални но не се агилни. Бараат редовно шетање но на умерени дистанци. Можат да се помират и некој ден да не ги прошеташ, не се бунат превише. Не е проблем да ги оставиш сами, генерално не прават беља.
Оставаат моќен впечаток кај минувачи па не верувам дека некој би се осудил да помисли да прави беља. Одлични со деца и луѓе но мора да се социјализираат од мала возраст.
Најголем проблем им е генетиката. Како што спомнаа, освен дисплазија доста се подлежни и на карцином како и срцеви болести. Мене едно ми почина од остеосаркома на седум и пол години, друго од проширено срце на шест години. Проблеми со зглобови се исто така чести, моментално кучката што ја чувам прима редовно терапија за подмачкување на зглобови веќе три години.
Исто така подлежни се на кожни проблеми. Осетливи се на мрсно и заради несоодветна исхрана може големи пликови да се појават низ цело тело. Си бараат поквалитетен дехидрат и допуна во вид на месо (пилешки џигери, риба, чисто месо) за здрав изглед на крзното.
Јас ги препорачувам на сите искусни кучкари како раса која што треба барем еднаш во животот да се чува. Никако не би препорачал на некој како прво куче.
Ако те интересира уште нешто, слободно прашувај.