Дечкото - Страхиња ги има купено за чување на огромен објект, не за одгледувачница.Мераклија за кучиња е, и ги чува супер. Дедовците се врвни работни кучиња, можеш ако те интересира расата да видиш видеа на youtube или да ти пратам.
Многу луѓе имам разубедено да не земат малиноа, баш поради нивната интелегенција и доминантност. Или имаш перфектно куче,или имаш проблем, нема средина. Никако не е за човек што прв пат чува куче, или за луѓе што сакаат да седат дома.
Мене ми е 2ро малиноа, со на Едон лепотанот(еден од најубавите мажјаци што сум ги видел) требаше да се посватиме ама не се поклопија коцките. Го шеташе на кеј, кога живееше кај Нерези.
Ако те јаде црвот, и сакаш да земеш, стојам на располагање, да видиш лудава колку енергија има, ама и колку е верна и пожртвувана, па одлучи си
