Ц

седи како укипен...знае глупиот дека е за негово добро

....инаку испадна габична инфекција дека има проследена и со бактериска...вчера едно бањање со шампон против првут од алкалоид кетоконазол и денес и раните се чисти и не се лиже и спиеше како топ...којзнае колку бил нервозен и изморен...

еднаш го спасував од први кат од тераса, падна од втори кај мене па на стреа и кај комшиката од другиот влез...изигравав нинџа во 7 сабајле и го бутнав во јакна и го преносов, после тоа се буташе во мене ко нездрав, иако генерално по сите дома иде...беше болен го носев на боцкање истото, сега пак се мази ко лудак, генерално гледано ако излезам некаде во двор или надвор да прошетаме, оди по нас по улица, не прати, или кога работам во двор до мене седи или лежи, ако го нема навечер пред да си легнеме му свирнувам ко на куче и за 30 - тина секунди ке се нацрта од некаде и ке влезе, комшиите за глава се факаат

летоска од донесени утепани гуштери, кртици, глувци, пилиња нема раат..си брани територија бетер од куче
