Едно прашање до поискусните. Имам Citroen Xsara 1998 г. со турбо дизел мотор XUD9 TE со 66 киловати. Колата не чади во нормално возење (освен можеби малку при екстремни ситуации), влече ОК за таа снага, ама некогаш кога е ладна особено подсецнува кога ја отпуштам гаста во прва и втора брзина посебно. Има нормална потрошувачка за овој мотор, некаде 250 до 270 километра градска со 1000 денари нафта иако до нула никогаш не ја дотерувам, страв ми е воздух да не повлечи. Пробав да ја издувам со подолги релации оти главно се вози низ град ама нема некое големо подобрување.
Пробано дизел од сите бензиски во моментов се става од Лукоил и Макпетрол исклучиво. Мислам дека најдобро работи со дизелот (и био дизелот) од Макпетрол иако за малку повеќе ја троши. Направен редовен голем сервис пред 500 километра (масло, филтер за масло, ребраст каиш, водна пумпа, итн.).
Досега немам ни еднаш ставено било каков адитив или двотактол. За каков да размислувам?
Ако не може да се среди со потсецнувањето, барем онака чисто превентивно оти веќем полнолетна е.
