Темава може да се користи за сите што имаат прашања околу адитиви во гориво, мотор или менувач. Ја именував вака зошто за најкадарен во оваа област го сметам djidji, а другите може слободно да се вмешаат и да даваат препораки.
Првото прашање би го поставил јас како креатор:
Кои адитиви се препорачуваат за мотор што никогаш не користел адитиви? Конкретно за мојата Алфа.
Да се освежи, да се прочистат инџектори и така натаму? Освен од LiquiMoly, може препораки и од други производители.