@Proff, јас чистев со средство од Wurth пред три-четири недели, го ставаш средството во постоечката разладна течност, возиш 30-тина минути, празниш систем убаво и полниш нова разладна течност. Сега за сега - антифризот (новиот) Стакло - панчево!
Измеѓу полнење и празнење на системот, направив и едно плакнење со чешмовача да не остане од старото ништо. Ем ги извадив цревата од хладњакот и у контра правец пуштив вода под притисок од водовод, да „избутка“ ако нешто се заглавило.
Средството за чистење хладњак од wurth чини околу 500 денари на бензинска.