М32 е проблематичен само на лагерите, а кога тие ќе настрадаат или ќе имаш поместување на шалтерот во прва и петта брзина наназад кога ќе додаваш гас или ќе бучи постојано (на англиски whining noise).
Чудното влегување во втора брзина не би требало да е поврзано со лагерите.
Адитив не, ама секако да се замени маслото и да се сипе 3 литри (иако 2.5 е максимумот) и да се менува на секои 50 000 км и да не се форсира од ниски вртежи во 5та и 6та брзина со полна туража и по превои да не се вози со 6та никогаш, максимум 5та, а во даден момент подобро и 4та да вратиш и да држиш на 3500 вртежи и се продолжува неговиот животен век.
Ене го мојот старо-нов М32 менувач година ипол подоцна и изминати 30 000 км откако го сменив и со начин на возење како што опишав, пу пу добар е засега
