Се мислам дали е добро да искористам некој адитив.. чисто како превентива т.е. за прочистување, а не знам дали има реална потреба од тоа, особено со се погласните коментари дека знаат да направат штета повеќе одшто добрина....
Засега освен DPF адитив, немам ништо друго користено.
А искрено, не знам која е логиката на нештата и како да проценам кое ми треба и во каков распоред да ги искористам работите бидејќи веќе сите производители имаат по неколку понуди во серија..
Пример:
• Чистач на дизел системи – Sonax
Овозможува оптимално согорување, го штеди горивото и ја зголемува оперативната сигурност. Наменет е за сите дизелски мотори. Може да се користи како превентива но и како решение за некој проблем. Нема повеќе тропање при работа во место. Се постигнува оптимална работна моќ на моторот. Ги отстранува наслагите од вбризгувачите компоненти и од местата на клипното согорување. Го чисти комплетниот систем за гориво. Штити од корозија и формирање на наслаги. Ја намалува емисијата на издувни гасови. Го намалува вшмукувањето на вода и овозможува стабилна нафтена деривација.
• Дизел заштитувач за Common rail системи – Sonax
Нов активен дизел-системски третман за сите дезел горив. Посебно развиен и формулиран за потребите на современите комон раил дизелски системи. Употреблив на сите дизел мотори. Го поддржува дизелскиот систем при тешки услови на работа. Особено погоденза дизел горивата соромашни со сулфур. Концентрирана формула базирана на агресивни состојки против создавање наслаги , како и агенски против корозија. Не содржи сулфур, метали и киселини.
• Не можам да најдам нешто вакво да објавам ама во доста коментари се спомна Liqui Moly.
• Или пак да си терам само со адитив за ДПФ како овој на пример Profitech Адитив за ДПФ филтер.
Дајте ми сериозни мислења бидејќи сум поделен дали треба или не треба воопшто да ставам нешто