Ја листав темата, после 50 страници се уморив, а можеби има нешто ново во меѓувреме, па затоа да ве консултирам.
Сеникот 1,5 дци како што пишав пред месец и нешто, знае од време на време подолго да вергла ама секогаш пали од прва. Проблемот се јавува и се губи. Нема разлика дали на ладно (прв старт) или на загреан мотор. Кога е присутен „проблемот“ , стискаш на дугмето за палење и пали на крај на циклусот на верглање. Алнасерот има нови четкици, година стар акумулатор, колата убаво си вергла без никаков проблем, тоа е исклучено. Таман да ја однесам на мајстор проблемот ќе се изгуби (марфи). Се јавив денеска во Виталеда каде го сервсирам Реното и ми кажаа дека штом пали во првиот циклус на верглање да не ја носам колата, ако проблемот стане поголем тогаш да ја носам, затоа што тешко ќе го лоцираат проблемот, бидејќи не се пали никаква грешка.
Ме советуваа да ставам адитив за прочистување на дизни, можно е некоја дизна да е надвор од толеранција па не го дозира горивото како што треба па се одоговлекува палењето.
Препорака за адитив (јас би Wynns), како се става, колку гориво треба да имаш во резервоарот, пр на 1/4 резервоар да се стави па после да се дополни до горе или ?