Очигледно лошо имам разбрано па можеби лошо го презентирав тука.
Предноста на адитив и неговите последици не ги знам, ниту пребарував по интернет за нив, а пишав тука со цел да добијам некоја претстава и одговор од луѓе кои што верувам дека веќе пробале и користеле адитиви на нашиот пазар.
Муабетот кој што ми беше кажан:
За моторот 1.9 TDI PD од 2001 на кој што е оптеретена брегаста, пожелно е да се користи 5-40 масло со дополнителен адитив во резервоар (на секои 3-4 полни резервоари) за подобро подмачкување на истата.
На бензинските побарав и ги најдов најчесто Sonax кои што се ставаат во резервоар, но истите велат дека ги прочистуваат дизните, вентилите, но не се спомнува брегаста што е и логично која што е во масло и не би требало да има контакт со нафта.
Побарав адитиви кои што се ставаат во мотор и има такви, но од друга страна пак не ми беше напомнато дека треба во мотор да се става, туку во резервоар. Затоа се збунив и побарав помош.