Абе ако се дизните стварно за чистење, адитивче не помага. Треба да се извадат и физички да се прочистат, со ултразвук и сл. Друго ако дизната ојдена и веќе има истрошени делови на нејзе, нема адитив што ќе ја затвори луфтата меѓу истрошените делови.
Единствен “адитив“ од кој имам осетено ефект е двотактол, макар да и тој не е семоќен и е повеќе превенција него што е лек за проблеми со дизни.
Треба редовно малку на отворено да се издува моторот и да се пушти малку срце, да не се бркаат рекорди во потрошња со возење на 1200 вртежи и менување брзини на 1500.
