Во која смисла многу значи знакот? Јас во Едел ставив нова на 159, без знакот Alfa, за мене подобра варијанта е од стара, со површински оштетувања од камчиња и брисачи. Квалитетот е исти, со истата звучна заштита, со сите ознаки како фабричката, освен на место на Алфа логото, стои пилкингтон логоото. На стилото кога сменив шофершајбна, исто пилкингтон, видливо беше изгребано FIAT логото, и на негово место стоеше Pilkington логото. Во Едел ми објаснија дека афтермаркет не смејат да продаваат со логоа од колите, и дека тие само овластени сервиси на соодветниот бренд ги добиваат, а дека се од иста производна линија.