Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 614336 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Лагерите почнале да бучат повеќе бидејќи некој можеби бувнал некаков микс во менувачот да ги стиши :)

А за менување лагери... Можам само среќа да ги посакам да најдеш мајстор, и ако најдеш обавезно да го кажеш :)

Наздравје сервис, за маслото за менувач не треба да се секираш ич, освен можда да дотуриш околу 300-400 милилитри плус од пропишаното бидејќи тоа е еден од начините со кои се продолжува животниот век на М32.

Го купив, го возев некој месец, потоа јас му сменив масло во април месец, го возев цело лето, отприлика после 10-12 000 км од промената, некаде почеток на декември ми се појави бучавата.
Стварно не можам да оценам дали од претходно не било редовно менувано или со маслото кое го ставив придонесов кон ова.

Иначе за мајстор веќе имам човек кој се нафаќа да го ремонтира менувачот, веќе и има кај него ремонтирани 6 степени менувачи ама од алфа 159ка му се, не се исти држачите.
Седеше два дена колата кај него и според негова прогноза ми рече дека не е менувачот.
Ама многу видеа на јутуб ги има со истиот звук што го имам кај мене и сите во коментари наведуваат дека се лагерите..

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Си размислил за 2 опции :

1. Стварно проблемот да не го прави мењачот.
2. Ремонтирани мењачи од Србија. Има на фиат/ланчиа проверени типови/мајстори.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Размислувам, секако не сакам да е менувачот ;D

Иначе мајсторот кај што бев е Горан од Побожје: https://www.google.mk/maps/place/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B8%D1%81+%D0%93%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD+%D0%9A%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/@42.1124323,21.4252075,17.09z/data=!4m6!3m5!1s0x13546bd6fabde0bd:0xb744146dae1f8d19!8m2!3d42.11098!4d21.4258038!16s%2Fg%2F11mx0nr49v?hl=en&entry=ttu

Работи генерално со алфи, ама чепка и фиати. Лично и тој има алфа 159.
Баш му го опишав проблемот, се договорив да отидам кај него, ја проба лично и он, и го слуша звукот дека иде од напред, како шуштење, како некој циркулар.
Му ја оставив, 3 дена беше кај него бидејки имав и чаури за менување, ми јави рече дека на канал со дигнати тркала не слушал никаков звук, додека само во возење го има.

Баш го прашував за овој менувач, рече дека го има алатот и досега имал ремонтирано такви менувачи.
Ама за кај мене даде прогноза дека не е менувачот, а од каде иде звукот не може да детектира.

Така да стварно не знам што да мислам, дека го имаше овој звук претходно, дефинитивно го немаше...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Во лер ако стиснеш куплунг и го снема звукот, дефинитивно од мењач е потеклото.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Само во движење кога е колата од 40 км/ч нагоре се појавува звукот без разлика дали се движи во лер или во некоја брзина од менувачот.

Во лер додека стои нема никаков звук.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
A da proveris so drugi gumi 🤔

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Еве го моето видео, се слуша во позадина звук некако како тивок циркулар да имам напред. И тоа доага од предна лева страна.
И мајсторот кога го пробувавме, првин јас возев вика не слушам баш, ама кога седна да вози вика да сега ти е поизразено.

На 1:10 го пуштам во лер и се слуша убаво такво како шуштење


Еве и на ова видео од астрава се слуша потполно ист звук
https://www.youtube.com/shorts/lKoKjrObG6Y

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Убаво ти кажал, не е менувачот.

Нешто познато ми е тоа што го опишуваш.
Пред повеќе години на симката нешто со татко ми работевме на мењачот, купил некое уље за во мењач не се сеќавам веќе кое и какво, но не беше баш по книга (веќе такви спецификации нема).
Над 50 вадеше некој звук како лагери на тркала.
Се обидувам да се сетам но безуспешно како заклучив дека не може да бидат тркала, и го посоветував стариот да го смениме уљето со друга спецификација.
Го сменивме уљето и го снема звукот.

Откако ги изгледав/преслушав видеата, би рекол сличен бешезвукот но повеќе на бас маваше :)
« Последно менување: 30 Јануари 2024, 18:51:40 pm Mikius »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Цело лето го возев со тоа уље, и тоа беше 77лубрикант, по спецификација од самиот производител. Ниту кога го купив, ниту после промената го немаше овој звук
Околу 12 000 км извозев, немаше проблем и одеднаш го појави. некаде почеток на декември.

Ете вчера му ставив Селенија што и по фиат упатство ги препорачува за овој менувач, звукот и понатаму е присутен, дури приметив на брзини над 70 км/ч кога ја оставам да се движи во лер го појачува звукот, а кога ќе вратам во брзина за нијанса го стишува.

Башка само 2 литри ми ставија во Фас Вас, сега ќе идам да си дополнам барем уште половина литар.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Сега се сетив, стиснав куплунг у вожња, фактички го исклучив мењачот, звукот и понатаму беше присутен, што значеше дека не е до мењачот, но и не беше како од тркала, па така остана како причина мостот кој иако е засебен, сепак низ едни канали циркулира/се меша уљето.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
По интернет си има доста информации дека е проблематичен менувач, дека страдаат лагери и си бара честа промена на масло за да се зачуваат што е можно подолго лагерите.

Затоа и јас го променив, сеа производителот е тој првичниот, ама по спецификација го ставив.
Е сега дали претходно бил возен со друг тип на масло, погусто итн тоа не знам.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Ако звукот е присутен и со стиснат куплунг во вожња, проблемот барај го во деловите што се во движење, тркала, полуосовини, диференцијал.

Ако е мењач, ќе вади звук и во место во лер.
« Последно менување: 30 Јануари 2024, 19:12:23 pm Mikius »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
@Simo - Carrier159 ме интересира твое мислење, бидејќи и ти имаш м32.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
По интернет си има доста информации дека е проблематичен менувач, дека страдаат лагери и си бара честа промена на масло за да се зачуваат што е можно подолго лагерите.

Затоа и јас го променив, сеа производителот е тој првичниот, ама по спецификација го ставив.
Е сега дали претходно бил возен со друг тип на масло, погусто итн тоа не знам.

А на моторно кочење?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
А на притиснат кумплуг вака во возење како е ? Мене ова не ми звучи на мењач. Мени ги гумите напред назад не те кошта ништо, успат сврти ги тркалата едно по едно со раката на брзина дур е на дигалка, види дали има некаде некаков звук. Може да е некоја банална работа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html