Тукушто си нарачав делчиња за 159-ката од дојчланд:
Пластични заштити за ремените - 70евра
Казанче за антифриз (експанзионен сад) - 40евра
Термостат - 90 евра (среќа овој доста го симнале, инаку 180-тина евра беше, џоа од злато).
Во Аутомобиле СК не вреди веќе ни да се прашува за делови специфични за TBi, прашав еднаш за казанчето за антифриз, веројатно ќе треба 2 месеци неподвижна да ти биде колата ако сакаш они да ја средат.
Сосе транспорт околу 230 евра, па ќе видиме тука колку царина и данок ќе ме штават нашиве.
Требаше Фиеста да си купам...