Сакаме...
Кошта 6 пати помалку од најдобриот бас кој го имам моментално ( и кој најверојатно ќе оди на ибеј), а врши работа подеднакво добро..
Веќе го имам 4 жичаниот ваков бас и сум пре задоволен од него...
После 20 години и над 1000 свирки сфаќам дека скап инструмент во Скопје/МКД ти е како да купиш Ф1 болид, а околу тебе да има само ниви за орање со трактор...колку и да е добар болидот и колку и да си добар шофер, за околното земјоделско население најбитно е нивата да е изорана...а твој е изборот дали ќе ораш со трактор или Мекларен...пошто тркачка стаза нема на километри
