Па ти и таблици си зел 
Остај, не ме почнувај на таа тема... Запознав секакви луѓе на оваа авантура наречена "таблици и сообраќајна" 
За сообраќајна ми рекоа да се јавам следна недела, немаат сообраќајни, еј немаат хартија!?!?
Друг е проблемот

Има наредба да се сменат сообраќајните дозволи (како и сите други документи) со Северна Македонија, а Владата изгледа уште не распишала тендер за печатење на тие нови сообраќајни дозволи.
Јас успеав „некако“ да добијам од старите...
Ама чекаме апдејт и нова тема за Martin Loeb 206 WRC
Темата ќе биде отворена викендов, и ќе биде олд скул КАРклуб тема, како порано што си ги водевме за колите: еден штраф да се сврти на колата, ќе си документирам таму

Некако се изгуби тој дух, многу муабети се вадеа дека колите на форумџиите се „лимони“ поради тоа што луѓето си ги кажуваа ситните проблемчиња што им се појавувале. Мене не ми е битно тоа, колата има 250.000 поминати (не ме ни интересира дали се реални) и е 20 години стара, што и да се рече за таа кола, не може плус да и ја симне вредноста.