Прво и основно треба да знаеш колку пари си спремен да дадеш за таа кола. И откакто ќе ја имаш максималната цифра, стави 500 до 1000 евра одозгора за резерва и недај боже.
Регистрацијата и Техничкиот преглед се две различни работи во Германија. Колата може да си има технички преглед со години, а ниеднаш да не е регистрирана. Едноставно, техничкиот преглед е потврда дека ако некој ја купи колата, има право да ја регистрира.
Прво, од каде мислиш да ја купуваш колата? Дали имаш луѓе таму? Каде ќе спиеш, како ќе бараш коли, имаш ли германски телефон? Ако имаш луѓе таму, дали имаат автомобил и слободно време за да одиш да разгледуваш коли.
Ако да, тогаш си среќен. Ако не, значи сметај трошоци за хотел, такси/автобус/воз, телефон, движење наваму натаму. Овие трошоци се скриени, и никој не ја знае точната цифра.
Ама ајде, јас ќе се држам само до трошоците сврзани со колата, а ти си мисли за трошоците сврзани со патувањето и организацијата.
Значи, таму нема потреба од нотар за купопродажен договор. Доволно е да се има купопродажен договор, и двајцата да се потпишете на него со информациите на колата.
Еве ти пример за купопродажен договор:
http://www.mobile.de/magazin/_pdf/kaufvertrag.pdf115 Евра е сумата за осигурување со зелен картон за 15 дена (како што пишува на линкот), 30-40 евра самата такса за одјавување/пријавување на возилото на твое име, 20-30 евра за изработка на самите таблички (каде што ќе ја пријавиш одјавиш колата, има трафики што изработуваат регистерски таблички), и данок за колата. Во Германија се плаќа данок за издувните гасови. За дизел кола е околу 300 евра годишно, а за бензинец околу 100 евра годишно (Сумите ги давам отрпилика). Значи колата ќе биде регистрирана на твое име 15 дена, и ти треба да платиш данок за тие 15 дена. Ако е дизел колата данокот ќе е околу 20 евра. Ако е бензинец околу 10. Е сега, осигурувањето е толку евтино на оваа веб страница, затоа што го купуваш онлајн. Ако го купуваш директно од Цуласунгштеле (местото за пријава/одјава) таму е поскапо.
https://www.nondos.de/versicherung-kaufen.html?cfcmsShopArtIDThis=4#.VM8k8i4l9CAЗатоа пријава/одјава со се сметај 200 евра.
За царината да ти е 1% во Македонија, ти треба еуро 1 сертификат за потекло на стока од европска унија. Ако немаш таков сертификат, царинската стапка ќе ти е 5%. Евро 1 сертификат се вади од Германската Царина (Цолл Амт).
Изгледа вака:
http://www.kom-demny.com/zollpapiere_eur_1.htmТука имаш информации како да го пополниш
http://www.zoll.de/DE/Fachthemen/Warenursprung-Praeferenzen/Praeferenzen/Praeferenznachweise/Ausstellung-foermlicher-Praeferenznachweise/Beantragung-EUR1/beantragung-eur1.htmlСе пополнува во локалната царинска експозитура на градот/покраината, од каде што ќе ја купиш колата. Не знам дали се плаќаат некакви такси за негово издавање. (Ако да, околу 50-60 евра не ти бегаат)
И откако ќе ги извадиш сите документи, напиши од каде ќе излезеш од европската царинска зона. Опциите ти се Словенија/хрватска, Унгарија, или Романија/Буарија.
Ако е дизел колата имаш околу 140 литри нафта. Ако е бензинец, околу 160 (грубо). Цената на горивото, зависи од каде го полниш. Јас полнам во град пред тргнување, дополнувам на излез од Германија (тука купувам австриска вињета), на излез од Австрија (купувам унгарска вињета), на Хоргош (Унгарија-Србија) менувам 40 евра динари, за патарини и околу Белград/Ниш ги дополнувам гориво.
Патарини:
Австрија 9 евра + 15 евра тунели(караванки) или 12 евра (Линц - Шентиљ).
Словенија 15 евра
Хрватска 18 евра
Србија 12 евра
Другата рута
Австрија 9 евра (нема тунели)
Унгарија 11 евра
Србија 13 евра
(имаш 90 км плус за возење).
Бидејќи си со цолл табли, имаш 24 часа да се јавиш на царински терминал (претпоставувам си од скопје, па мислам дека терминалот е кај фершпед, или кај аеродромот. Не сум сигурен бидејќи не сум од Скопје).