Член сум веќе оддамна ама немав коментирано до сега, се надевам дека ќе му помогнам на borismanutd со дилемата
Од пред некој месец и јас сум сопственик на Alfa 159 1.9JTDM
Со тој буџет, таа година и километража, сметај дека може да ти се соберат повеќе потрошни делови за менување наеднаш, најпозната ‘‘маана‘‘ на 1.9JTDM се лептирите на усисната грана плус стандардните ЕГР и ДПФ кои ги има на секој понов дизел мотор, кај мене усисната грана си ја средив сам, додека кај мајстор очекувај цена од околу 100 евра, ЕГР вентилот и ДПФ филтерот може да се исклучат со софтверска интервенција од 200 до 400 евра и физичко демонтирање на ДПФ-от.
Подвозјето е многу издржливо за разлика од 156, најчесто страдаат долните големи чаури, за кај мене чекам да стигнат полиуретански од Strongflex по цена од околу 60 евра за пар, со овие чаури плус центрирање по мерките од Autolusso се решава и проблемот со јадење на гумите од внатрешната страна.
Познат проблем е и казанчето за серво течност, како и самата течност која треба да се замени со зелена Tutela GI/R, плус ново казанче за околу 50 евра.
Цените на другите потрошни делови се скоро исти со цените за Passat B6, дискови од 60 до 120евра, плочки од 30 до 80 евра, амортизери околу 80 евра парче, сет каиши, затегачи и водна пумпа околу 200 евра.
Проблеми со елетрониката нема доколку некој не чачкал нешто претходно, квалитетот на изработка е на одлично ниво, скоро и да нема никакви крцкања на пластиките внатре. Најди некој познаник со 159 свртете некое кругче по можност по некој пат со добри кривини и нема да ти текне да погледнеш друга кола.
Прашај било што те интересира во врска со колата, сега не ми текнува друго што би додал.
Го следев и бугарскиот VW форум за пасатот ретко кој кажува добар збор за него, со солидни километражи и ретки промени на масло ги јаде брегастите осовини и подизачите, доколку претходно не е пукната главата на спојот со пумпата за висок притисок - проблем кој е отстранет со последната верзија TDI PD од 2007- ма мислам