Не ширете дезинформации дека гледаат од која земја е произведена колата. Исто така нема потреба да се прашува во царина кај неписмени партиски војници. Фино лепо во ПСС во одделението за хомологација, даваш број на шасија и во рок од еден ден добиваш одговор проаѓа или не. Царина нема врска до тоа дали колата е 2005 или еуро 4, тие ќе ти царинат и кола од 1912 дефинитивно, прашањето е дали проаѓа на хомологација како што рече колегата пред мене за да можеш да ја возиш како што кажа Луки. Инаку за резервни делови може да се донесе каков крш сакаш, само плаќаш царина и со камион си го носиш во двор и немаш фрки. Овие податоци се од вработените во царина и ПСС и се 100% сигурни.
Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk