Дечки за првпат ја однесов Октавијата на механичар денеска и ми направија дијагностика и ми понудија решенија. Па да ѕирнете, да ми кажете дали е во ред:
- да се санира бирач од менувач - 1600 денари
- замена на долга спона десно од летва - 2240 денари
- замена на раскрсник за вода на глава - 1120 денари
- замена на масло во менувач - 810 денари
- работна рака - 1800 денари
- најдени се следните кодови: 17656, 17958, 17978 и 01282
Кога им кажав дека на загрена мотор ми требаат 5 секунди за да запали, ја проверија и ми рекоа дека може да е проблем со тајминг или со почеток на вбризгување и бош пумпа, и дека само работна рака да се санира ова би било 9000 денари. Јас веднаш ја исклучив оваа поправка од листата.
Мое размислување:
- треба да го средам менувачот, тешко иде во прва и генерално е чуден, дали горните суми за санација и масло се ок?
- ми рекоа дека споната мора да се замени, затоа и ми тропала колата, искрено не сум чул тропање, ова ми е најсумљиво од листата
- за раскрсникот, предходнито сопственик ми рече дека требало само дихтунгот да се престегне или замени, ама изгледа ја потценил работата. И ова треба да го средам. Дали е ок цената?
- 17656 го видов на нет, е поврзано со палењето на загреан мотор.
- 17958 интернет вика дека е притисок на некојси цевки, ова може да е раскрсникот?
- 17978 ова е поблем со имобилајзерот, кодов е изгледа стар, од времето кога си игравме со клучарот, проба 1-2 пати да го заврти клучот без чип, само колку да провери дали се врти
- 01282 интернет вика дека е некојси лептир вентил што се затвора при гасење на колата, најверојатно не работи добро ради талог и прљавштини. За ова мајсторите ништо не ми кажаа.
Шо викате? Да ги пукнам 8400 денари на сево ова?