Мене за првиот пат кога ми светна, во МакАутоСтар ме прашаа дали сум ја возел на резерва. Ги утепав од пцуење тогаш, пошто до тогаш, едини пут кога била возена на резерва, беше кога ја земав колата од салон од кај нив.
Аутотек
локација.
Ванчо
локација.
Обично колите чии мотори имаат турбини имаат потреба од повремено издувување, мада што знам, можда не е лошо ни атмосферец малку да се извади на отворено да подиши

Инаку, во бившиот мој Лансер, имав ставано гориво од многу места и низ Балкан, и низ Европа, само со плинот и бензинот од Макпетрол ми има појавено Check Engine, со грешка пријавена од дотичната ламбда сонда. У превод грешката кажуваше дека е недоволно моќна смешата во моторот.
Во Македонија, два или три пати ми се случи да ставам гориво од Макпетрол (два пати плин и еднаш бензин „Ултра 100“) и сите пати резултираше со „Чек Енџин“. Со бензинот и плинот од Лукоил, и плинот од Окта (Пуцко Петрол) сум немал никаков проблем.