Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2233692 пати)

Отсутен Dikson

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3675 на: 17 Јануари 2017, 22:11:55 pm »
Не брзај да го менуваш сензорот. Ти викам, првин отиди до кај некој сервис (електричар, дијагностичар или било кој што има соодветен компјутер/уред), нека ја избришат грешката, па пробај ко што ти кажав.

Ако си од Скопје, отиди до Аутотек во Волково (народски познат како Шиник), или кај Ванчо под Кале.
Во Аутотек барај ги Данчо или Горан и кажи дека си од форум, би требало да ти учинат без проблем.
Кај Ванчо, барај го Аце (син му), и он има Лансер, па ги познава коливе.
Ке ги имам во предвид местата кои ги предложи, иако не сум од Скопје.
Иначе бев 2-3 пати да ја бришат грешката, но пак се појавува.
Е сега таму ми кажа дека може да од нечистотии наталожени од градска вожња, како што и беше за време на снегот, 1-2 цело време.
Ми кажа онака да ја изнесам на отворено да ја издувам што би се реколо па да видеме.
Така да останува да пробам со ЕКТО и овоа и ако и тоа не помогне ке се мења.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3676 на: 18 Јануари 2017, 00:31:26 am »
Мене за првиот пат кога ми светна, во МакАутоСтар ме прашаа дали сум ја возел на резерва. Ги утепав од пцуење тогаш, пошто до тогаш, едини пут кога била возена на резерва, беше кога ја земав колата од салон од кај нив.

Аутотек локација.

Ванчо локација.

Обично колите чии мотори имаат турбини имаат потреба од повремено издувување, мада што знам, можда не е лошо ни атмосферец малку да се извади на отворено да подиши :)

Инаку, во бившиот мој Лансер, имав ставано гориво од многу места и низ Балкан, и низ Европа, само со плинот и бензинот од Макпетрол ми има појавено Check Engine, со грешка пријавена од дотичната ламбда сонда. У превод грешката кажуваше дека е недоволно моќна смешата во моторот.
Во Македонија, два или три пати ми се случи да ставам гориво од Макпетрол (два пати плин и еднаш бензин „Ултра 100“) и сите пати резултираше со „Чек Енџин“. Со бензинот и плинот од Лукоил, и плинот од Окта (Пуцко Петрол) сум немал никаков проблем.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3677 на: 18 Јануари 2017, 09:18:57 am »
Да бе тешки сељачишта тоа МакАутоСтар. 5 капки бензин имаа ставено во резервоарот на лансерот и кај мене.
Едвај стигнав на Лук Оил. Кога таму точат гориво, стап. Морав да ставам за 200-300 ден било какво гориво, за да стигнам до Лук Оил.

Отсутен A6

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3678 на: 18 Јануари 2017, 13:28:18 pm »
Ајде да прашам,од каде набавувате делови за Ауди,која продавница нуди квалитет и пристапни цени и дали истите продавници имаат своја интернет страна за контакт.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3679 на: 18 Јануари 2017, 17:56:51 pm »
Дали има нешто придобивка ако свекиците се со три пипци или нема разлика од стандард свекица со една пипка ?
Зборам од истата марка на свекици, едната е стандард, другата е со три пипци.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3680 на: 18 Јануари 2017, 18:09:47 pm »
Дали има нешто придобивка ако свекиците се со три пипци или нема разлика од стандард свекица со една пипка ?
Зборам од истата марка на свекици, едната е стандард, другата е со три пипци.

Реално немам никаква разлика осетено на нормална кола со 1.4 амтосферски мотор, бензинец.  Можда би имало разлика ако се сменат и други работи во системот за палење, на пример искрата да има поголем напон, поголема енергија и сл.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3681 на: 18 Јануари 2017, 18:11:04 pm »

Дали има нешто придобивка ако свекиците се со три пипци или нема разлика од стандард свекица со една пипка ?
Зборам од истата марка на свекици, едната е стандард, другата е со три пипци.

Реално немам никаква разлика осетено на нормална кола со 1.4 амтосферски мотор, бензинец, за плин не знам.  Можда би имало разлика ако се сменат и други работи во системот за палење, на пример искрата да има поголем напон, поголема енергија и сл.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3682 на: 18 Јануари 2017, 19:25:31 pm »
А не е нивната намена тоа да го направат, да биде подобра и појака искрата ? Пошто по нетов сум читал и по јутуб сум гледал тестови на свекици, рецимо обична свекица вади искра со одредена јачина, па иридиумска вади со појака и така натаму.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3683 на: 19 Јануари 2017, 06:25:57 am »
Golden Lodge за Т.Spark беа со 4 пипци ...

Наводно подолго траат во споредба со single tip ...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3684 на: 19 Јануари 2017, 09:19:30 am »
Oд мaјстoри штo кaжувaле, нaвoднo тие сo 3 пипци пoмaли шaнси имaaт искрaтa дa утне зa рaзликa oд тие сo еднa. Теoретски е мoжнo, у прaксa не гледaм причинa зoштo  тaa сo еднa би утнaлa, дoдекa зaзoрoт е кoлку штo требa. Утки би прaвеле и двете, дoдекa се зaмaстaт или фaтaт гaреж.
Нa пoлoтo првите штo ги имaв беa Bosch сo 3 пипци, пoтoa ги сменив сo NGK сo еднa (мoже oбрaтнo беше, не сум сигурен),aмa кaкo штo кaжaa пoгoре, немaше никaквa рaзликa, ни нa плин ни нa бензин.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3685 на: 19 Јануари 2017, 11:00:21 am »
На двете коли имав NGK iridium.На едната бидејќи имам плински состав,читсв дека биле Denso добри за коли на плин.Ставив такви и буквално никаква разлика нема.А NKG iridium се многу поскапи.На другата кола нема плин и ставив Denso,ништо,исто како со NGK iridium.Значи Denso се квалитетни свеќици а доста поефтини од предходниве.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3686 на: 19 Јануари 2017, 12:02:42 pm »
На обичен, MPI бензинец, ако е се како што треба, нема да остеиш никаква разлика. А на турбаши, или праеници кои возат смеса 12:1 па и погуста, можно е таа со 1 пипак понекогаш да утне да запали. Али ако ги гледате надвор како фрлаат искра, тие со повеќе пипци пак искрата ја фрлаат само до 1 пипак...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3687 на: 19 Јануари 2017, 12:53:33 pm »
Ок, фала.

Отсутен Oliver^^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3688 на: 19 Јануари 2017, 17:25:43 pm »
Неможе да нема разлика од бренд , применета технологија и најбитно цена на свеќици.
koa ke porasnam ke si go kupam - https://goo.gl/RdUpGL

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #3689 на: 19 Јануари 2017, 17:55:58 pm »
Абе како се става преку пц слиќи ебемга,на имгур само линк ми дава  :)