Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
"Кoбрaтa" јa прoчитaв преескa нa српски фoрум, дур укaпирaв штo знaчи... Прв пaт слушнaв зa тoј збoр.
Ја мислам дека имаш соберено снег одоздола дека мрда шалтерот, само една полуга е, нешто ситно е, одма под шалтерот, ако легнеш би требало да се виде.
Ако се дешава тоа кога е ладно времето може да работи под саух колата и кога тргнуваш доаѓа како да треба повеќе да стиснеш на педалата за гас.Ништо страшно ако е тоа.....
Станува збор за Голф 6 1.4 16в бензинец. Имам забележано на колата дека кога тргнувам од целосен стоп колата има пауза од времето кога ја стискам педалата за гас до моментот кога ќе појде. Значи не дека нема снага да појде туку воопшто моторот не почнува да ги набива вртежите. Можеби трае дел од секунда или макс. една секунда, но секако приметливо и знае да иритира посебно кога треба побргу да реагираш, некој ти дава предност и сл. Ова се случува само во прва брзина т.е од тргнување од место потоа одзивот на гас е моментален без разлика на брзината. Нормално е ова?
Мана им е на VW групација тоа. Пробај со чистење како што кажа Симо, заедно со рекалибрација во сервис кој има софтвер за тоа (не ја пипај сам, ке ја изместиш од меморираната позиција).
Цитат: AND_031 на 11 Јануари 2017, 01:18:49 amСтанува збор за Голф 6 1.4 16в бензинец. Имам забележано на колата дека кога тргнувам од целосен стоп колата има пауза од времето кога ја стискам педалата за гас до моментот кога ќе појде. Значи не дека нема снага да појде туку воопшто моторот не почнува да ги набива вртежите. Можеби трае дел од секунда или макс. една секунда, но секако приметливо и знае да иритира посебно кога треба побргу да реагираш, некој ти дава предност и сл. Ова се случува само во прва брзина т.е од тргнување од место потоа одзивот на гас е моментален без разлика на брзината. Нормално е ова?AND, претпоставувам дека претходно си возел кола со клапна (throttle body) со сајла, а голфов има електронска клапна. Ако е така, нормеално е да има мало доцнење, и ќе се навикнеш. Ако доцнењето се појавило сега и е поизразено на истата кола, тогаш претпоставувам дека треба да се зачисти клапната од гарежот од уљни испарувања и ќе биде подобро
Си прешол од карбуратор на инџекшн. Добредојде во 21ви век.