Мал совет околу можен дефект со Алфата. Вчера ја запалив да ја повозам, ја возев околу 25км, без рачни, без шлајфувања и случно. Нормално возење во снежни услови. Последните 5 километри мењачот почна да станува се потешко да се стави во брзина, а на крајот скоро и невозможно. Едвај се вратив до дома да го земам Аудито да се довозам

Значи кога ја запалив колата сабајлето се беше најнормално, бев накафе околу 1 саат, ја запалив колата ја повозив 5км и почнаа проблемите.
Ја оставив да се олади, се симнав до двор видов дека без проблем влегува во брзина и ја оставив, мислев дека е времен дефект од ладново. Но брат ми пробал да ја вози денеска и по 1км пак се случило истото, колата едвај влегува брзина.
Некоја идеја што може да биде ? Секако колава е за на редовен годишен сервис кај Жаре неделава но ако е вака работава со мењачот, незнам како ќе стасам до Скопје.
Се работи за Alfa Romeo 147 FL 1.9 JTD 8V.