Радиото се вади со два лимени клуча (доаѓаат у пакет со ново радио кога купуваш, за посебно не знам кај да најдеш евентуално од некого да прашаш да ти позајми) кои се ставаат на левата и десната страна од радиото, во средината. Тие клучеви ги туркаат курињата внатре што се, за да го ослободат радиото.
Откако ќе ги стаиш клучевите, можеш да го повлечеш или од позади да го поттурнеш за да искочи.
За останатите делови од маската, види повлечи ги копчињата за парното, сигурно има штрафови скриени позади нив, оштрафи ги и пробај да ја извадиш пластиката. Сигурно на краевите од маската има жабици, со пластичен штрафцигер или нешто слично, откачи ги жабиците. Пази само да не ја изгребеш маската.
Ипак мислам дека маската можеш да ја извадиш и без да го чепкаш радиото. Најбоље пробај побарај на јутуб клипови dash board disassembly или така нешто за твојата кола.