Во технички спецификации на возилото/возилата.
Оваа заменскава демек оригинал била од пунто хгт ама излеа не е...
Од некое друго пунто ќе да е...
Он ми рече демек за пунто со електронски гас било понова некое...
младиќу.. турај ја сондата, преврзи ги боите на жиците и терај слободно. само со лемење патем речено нема да свршиш работа. таму крева многу висока температура и ќе се одлеми... не ретко имам видено со одлемени жици, и изолири стопени, па дури и краток спој има направено на жиците. не заборавај дека им агреач во ламбдата.
ако си веќе решен да ја преправаш оваа, тогаш мој совет е со голи лустер клеми да ги поврзеш жиците (значи без пластишниот дел), па преку нив со божур црево (секоја жица посебно) па на крај уште едно божур одозгора преку сите или пак со азбестна трака...
инаку, ама баш ништо нема да му биде ако возиш без ламбда сонда. компјутерот во такви ситуации има сејф мод мапа на работење, се префрла на нејзе и работи по нејзе се додека не се отклони проблемот. во компјутерот ке ти остане запишана грешка се додека не средиш и не ја избришеш на дијагностика. чек енџин ке ти свети, ама нека не те плаши тоа, јбг, нормално би било да свети... терај слободно без ламбда, чекај во вторник да си ја земеш оригиналната поедноставно е да туриш оригинална одошто процесот горе што ти го појаснив.