2 прста фалат од декември кога дотурив антифриз, иначе сензорот што покажува дека е прегреана се уклучува и при самото палење а некогаш и при вожња ама поретко.
хах... сензор за температура на глава.
иди смени го... и сега.. иако стално објашњавам, некако не стига до глава дека временски интервал од 5 месеци не е репер за ништо, освен за фабрана кола и колку време некоја корозија се појавила или раширила. по прашање на витални делови, репер се пројдени километри или доколку е возможно работни саати. како бонус на сите што имаат плински уред, може да си следат работни саати преку плинскиот компјутер. во него има во минути изразено колку време работи моторот, и тоа колку на бензин, колку на плин...
но батали тоа.. километри кажи колку имаш пројдено одкако си дополнил и тие 2 прста паднале... ( и земи дотури додека да се качат тие 2 прста назад, па пиши и количина за колку антифриз збориме)... исто така пиши и кој натифриз (чив бренд и која концентрација си турил) за да евентуално ти кажам некои спецификации за него...
Конечно најдов мајстор кој што се нафати да ја прави без да отвара мотор туку прво да утврди што е проблемот и да видиме дали ќе се исплати поправката. Го испушти цел антифриз и стави нов и се среди проблемот со сензорот што појавуваше дека е прегреана.
Иначе претходниот мајстор ми ставил филтер за нафта од голф1

со вентил помалце и во цревото имаше нон стоп воздух, и тоа било проблемот со палењето, како и маана на овој мотор, на ладно да не ги држи доволно греачите а на топло седат и по 20 секудни. Па го среди и тоа преку компјутерот на колата и нема мака сега.
Моторот во никој случај не бил за ремонт, според мајсторот ќе вози до 300к без проблем
