Го прашав мајсторот, стварно бемвињата паѓале на шајбна на радилица, со тоа што цените што ми ги кажа беа многу пониски од твоите. За не ОЕМ.
Замаец ќе си истера 200к, не газиме секој ден.
Па што знам. Финтата е што овие CR ги ремапираат со некакви агресивни модови и од 2.0 мотор вадат над 420-430 Нм некаде веќе над 1600 вртежи, а лимитот на самите кутии и елементи по преносот е нешто испод 390 Нм.
Кај 6воЛинија бројките стануваат ептен сериозни уште од 1000вртежи (некои имаат и веќе над 500 од самиот старт). Замисли кој напор на целиот пренос е кога ја стиснеш во трета од 1200 вртежи, а веќе го имаш фабричкиот пик на вртежен момент.
А за цените, си го кажав мислењето за ОЕМ и заменски. Заменска ќе се најде и за стотина евра. Колку ќе тера, не знам.
пс. Би пробал и баварец дизел.

(зборувам за БМВ) За другите коли/мотори, не сум се интересирал.