Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1755807 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1725 на: 24 Април 2016, 11:11:09 am »
Ај веќе кога почнавте да кажувате маки за палење и јас да прашам. :-)
На Форд Ескорт 1.8 турбо дизел без интеркулер, кога е ладна колата пали без проблем, ама кога ќе загрее вергла многу долго. Вергла добро, ама многу долго и едвај пали.
тоа значи дека акумулаторот и алансерот ти се добри, ама ти прегрева моторот како прво, а како второ, или не ти е погодено палењето или некаде е прсната главата-дихтунгот, па губи компресија кога верглаш, што значи му треба поише нафта, за да може да створи детонација во цилиндарот и да запали...

ништо ново ова со палењето. да речеше обратно, дека кога е загреан пали, а ладен тешко пали, ке ти речев карики се отидени, ама обратно, нај често тоа е... пробај на механичар малку да ти ја мрдне бош пумпата напред-назад и ако е до нејзе, ке го најдете местото кај што треба да биде. ако отиде во раније, ке стане по бучен (апла трактор) ако отиде во касније, ке стане многу по тивок, ама ке чури црно низ ауспух кога ке нагазиш...

тој фордов мотор, 1.8 ендура, (со или без турбо) треба да е бучен и тропачки, ала трактор ИМТ! ама е издржлив мотор. сите варијации на тој мотор ги има и ден денес, се продаваат во нови возила, само му се сменети елементи, не се више механички, ги елкеторнизирале до даска... ете, во товарните пикапи сеуште е тој мотор, во моделите од 2015-та година, и оние 1.6 и 1.8 и 2.0 сеуште е истиот мотор во основа.. јаки се покажаа... сакам да кажам, пукање на главата некаде, е реткост за нив, и нај често е човечка грешка, заборавил вода зимоска, не појачал со антифриз, или механичарот заебал работа нешто при стегање и поправање, или пак ти останал без вода од икс причини, па подгорел дихтунгот на глава, па сега губи компресија... затоа прво пробај со штел на бошот, па после, ак не вроди со плод тоа, тогаш ти препорачувам да измерите компресија на цилиндрите, и ке знаеш до кај си.

на овој мотор палењето се штелува и со мрдање на бошот и со мрдање на брегастата.. и двете имаат по 1,5 заб одприлика варијација. затоа и има поише комбинации да се пробаат...
« Последно менување: 24 Април 2016, 11:18:41 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1726 на: 24 Април 2016, 12:16:53 pm »
Не ми се верува дека прегрева зошто не покажува дека прегрева на мерачот, а термостатот е сега брзо сменет. Ме исплаши сега со ова за главата,  не е некој едноставен дефект.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1727 на: 25 Април 2016, 17:24:48 pm »
@Martin_91 - Nema kompresija motorot, zatoa na toplo ne pali, izmeri kompresija na zagrean motor, se kje ti
bide jasno.

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1728 на: 25 Април 2016, 23:32:44 pm »
Не викам дека не е така, ама ми нема логика некако. Ладна пали без проблем, како тогаш има компресија. Башка прима како и порано, не дими, затоа ми е чудно да нема компресија.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1729 на: 26 Април 2016, 15:28:39 pm »
Не викам дека не е така, ама ми нема логика некако. Ладна пали без проблем, како тогаш има компресија. Башка прима како и порано, не дими, затоа ми е чудно да нема компресија.
Тој мотор е доста стар и којзнае колку има поминато, е сега: кога е ладен пали зошто кариките
се отворени-раширени, кога ќе го повозиш и крене температура, паркираш и пробаш да палиш, - врти
како улав моторот и едвај ќе запали. Тоа е од потрошеност на клиповите и хилзните. Тој како нов мотор
би требало да има околу 18 бари компресија, затоа провери си компресија кога е згреан, и се ќе ти стане
јасно.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 376
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1730 на: 26 Април 2016, 17:07:29 pm »
Во гаража, стаклото од страната на шоферот преку ноќ ми се спуштило целосно надолу и сега не сака да се крене. Моторчето се слуша кога го стегам копчето но стаклото не мрда. Утре треба да го носам на мајстор, но некој дали имал сличен проблем? (се работи за Civic 2005)?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1731 на: 26 Април 2016, 17:23:37 pm »
Најверојатно ти се скршило држачето што го спојува механизмот со прозорот. Лесно пукаат пошто се пластични и мали. Не го стискај копчето во празно да не ја усукаш сајлата па после господ не може да ја оправи

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4204
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1732 на: 26 Април 2016, 17:28:43 pm »
Oва е спасот.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 376
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1733 на: 26 Април 2016, 17:36:04 pm »
Најверојатно ти се скршило држачето што го спојува механизмот со прозорот. Лесно пукаат пошто се пластични и мали. Не го стискај копчето во празно да не ја усукаш сајлата па после господ не може да ја оправи

Лесно се наоѓа замена за тоа? Еден мајстор тука ми рече може и сајлата да била скината...
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1734 на: 26 Април 2016, 17:46:20 pm »
Може да е скината, али ти рече дека преку ноќ ти се спуштило така да тешко тоа. Имаш мајстори што за ефтино ќе ти го средат. Еден од нив ти е позади Фонд за пензиско во уличките.

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 376
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1735 на: 26 Април 2016, 17:55:27 pm »
Може да е скината, али ти рече дека преку ноќ ти се спуштило така да тешко тоа. Имаш мајстори што за ефтино ќе ти го средат. Еден од нив ти е позади Фонд за пензиско во уличките.

Проблемот е што не сум од СК :) Ќе видам утре кога ќе го отворат панелот што ќе ми кажат тука. Се надевам не е расипан регулаторот, колку што гледам цените се ѓавол и пол ;/
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1736 на: 26 Април 2016, 17:59:32 pm »
Само тоа е проблем. Инаку сигурен сум дека мајсторот што ти го препорачаа, Дени, позади крез-мак, ќе ти го среди прозорецот.

Sent from my 6036Y using Tapatalk


Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1737 на: 26 Април 2016, 19:13:35 pm »
Не викам дека не е така, ама ми нема логика некако. Ладна пали без проблем, како тогаш има компресија. Башка прима како и порано, не дими, затоа ми е чудно да нема компресија.
Тој мотор е доста стар и којзнае колку има поминато, е сега: кога е ладен пали зошто кариките
се отворени-раширени, кога ќе го повозиш и крене температура, паркираш и пробаш да палиш, - врти
како улав моторот и едвај ќе запали. Тоа е од потрошеност на клиповите и хилзните. Тој како нов мотор
би требало да има околу 18 бари компресија, затоа провери си компресија кога е згреан, и се ќе ти стане
јасно.
Не се разбираме баш.
 Ако ја изгасам и одма пробам да ја запалам, ќе запали. Ама ако стои пола саат или саат да речеме, тогаш тешко пали. Треба да ја однесам деновиве кај еден механичар кога ќе е слободен, он вика 90% е бош пумпата, па ќе видиме што ќе излезе.
П.с. Башка нели железото се шири кога е топло, ако е ладно треба да е собрано?

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1738 на: 26 Април 2016, 20:46:11 pm »
Форумџии ми тече вода од кај антената.Како да го решам ова најбезболно.Со силикон(и со кој)
или со нешто друго?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7593
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #1739 на: 27 Април 2016, 01:04:26 am »
Нај безболно е со жива гума.