Да, гледам дека и сум му вратил на постот
Јасна е работата, плинот ја има оштетено сондата, па сеа ќе се м'кне по "мајстори". Onak еден дел не сме му одговориле ако добро гледам, "кога ќе работи во место за многу кратко време загрева и се пушта перката од вентилаторот."
DS гледам дека не си по механиката, ама ниту еден "мајстор" не успеа да увиди зошто ти пали перка (дефектен давач за температура, дефектен термостат, моторот ли прегрева)? Ако тоа е проблем кој мајсторите не ти го дијагностицирале за 15 мин, еби му мајката...
ламбда сонда не прегорува од плин... али ако “тргнала да си оди“ плинот ке припомогне тоа да се убрза дефинитивно...
прегревањето т.е. брзото кревање на температура во место се должи на тоа дека работи на скоро па дупло по високи обртаи, одошто треба, очигледно вбризгува многу гориво плинскиот уред, а хладњакот ич не се лади, како што би се ладел кога се движи возилото... затоа и кога вози, не му се дешава тоа туку само во место...
патем речено...
DS!!
направи го следниов тест за да бидеш на сигурно што се дешава...
значи, иди уште еднаш, избриши ги грешките сите и НЕ ЈА ВОЗИ НА ПЛИН следните 30-40 па и 50 километри, туку само на бензин. да видиш дали ке ти се повтори истово.. ако се повтори ВОЗЕЈКИ САМО НА БЕНЗИН, иди на механичар, нека си ја среди работата со сензорите. можеш ако сакаш да пробаш како што ти пишаа погоре, избриши ја грешката и откачи ја ламбда сондата од џек, би требало да може да возиш, ама дефинитивно прекалибрација на плинскиот уред ке мора да направиш за да компјутерот плински работи нај добро што може. со откачување на џекот а не прекалибрирање на плински уред, веројатно ке стане уште полошо, барем на плин..
а ако не се повтори тоа и после 50 км пројдени, ВОЗЕЈКИ САМО НА БЕНЗИН, повторно вози на плин се додека не се повтори истово и тогаш правец у сервисот што го монтирале плинскиот уред, објасни му на главниот мајстор што точно ти се десило, што се си направил и какви тестови имаш направено, за да дојдеш до заклучок дека ПЛИНСКИОТ УРЕД нешто ги ебе кокошките (а не е петел) па така, фино лепо, да земат и да си го средат уредот И ИЧ ДА НЕ ТИ ЧУЕ, ако пробаат да те разубедат, стој си цврсто на ставот дека плинскиот уред не е во ред... незнам кој ти местел, не е ни битно тоа, ама ако зима пари, нека си среди како што треба...
јас така би направил... секогаш, направи тестови неколку, не за друго, туку за да имаш некакви информации и појдовна точка.. во твојава ситуација, дека се си е ок, после бришење на грешките до 10 км пројдени и се повторува, не е баш нај јасно што се дешава.. ламбда сонда може да зеза и од многу лоша смеша на плински уред. мене ми се има дешавано да ми се упали чекенџин и да покаже дека е ламбда сонда, ја мерам а не е отидена, исправна е... секогаш се дешава на плин само.. и си знам.. или ја утнале нешто смешата (лош плин сум наточил) или плинскиот уред нешто ме јебе у мозок, па треба да се прекалибрира... има еден куп фактори зашто сака прекалибрација плински уред, почнувајки од таложење на масти врз цревата и цревцата за во гасна фаза, преку менување на такт и отворање на дизни (кои да се разбереме се абат и трошат) преку стегање на мембрана на испарувачот, па таложење на разни прљавштини во филтрите, и доводната цевка за течна фаза на плин... се тоа со тек на време си старее и параметрите се менуваат... кога ке дојде до точка да неможе уредот да направи корекција, бидејки мање више работи НА ФИКСНА МАПА за тактови, тогаш уствари и почињаат проблемите овакви, кај што исфрла ерори за ламбда сонда и пали чек енџин... во позамашна фаза на серија грешки доаѓа и до онакво работење да крева обртаи...
рекордот за кренати обртаи е токму кај мене.. 4100 обртаи држеше едно рено мое... пази ситуација.. колата крената на дизлицата до горе, моторот запален на бензин, преку лаптоп го шалта на плин и во тој момент почиа да рика, а никој неможе да улета и да ја изгаси колата, пошто, нели, на дизалица е крената до горе... во плимонт почнаа да фрлаат клучеви у тој момент кога почна да рика моторот... скоро па пуна гас..

како сум му влегол со цвикцангли на жиците од ламбдата... цвик, и за 2 секунди си паднаа обртаите у нормала, на 800...

прекалибрација, реле монтирав дополнително што ја исклучува ламбдата кога е на плин, а кога е на бензин да ја вклучува.. (јбг, единствено решение беше тоа тогаш, а и сега за некои возила, можда и за твоево така ке биде)...