Ако не е во вистинска тема муабетеов, преместете.
Гледам деновие Alfa Romeo 156sw 1.9jtd околу 2000-2001 год. па ме интересира ваше мислење за колата како модел како ви изгледа, што сте чуле или некое лично искуство, за моторот исто збор два, одржување, сервиси скапи/ефтини, подвозје, каква вожња има, маани доблести и сл?
Моментално возозам Hyundai Coupe gen2, мало ниско количе, одлично за по кривини и за паркинг, доста круто, дали би се навикнал на 156sw и дали би ја имал истата стабилност, тоа некако ми ги мати мислите, а за брзина и агилност, тоа некако ке го преболам 
Ќе ти кажам за 147-ца што дели скоро се со 156-ката.
Моторите се топ (да не ги почудам, ги имам два еден во 147-цата и истиот во Зафирата). Немаат гајле со големи километражи и оптеретувања.
Е сеа маката кај Алфите е подвозјето. Комплицирано подвозје, катастрофа патишта кај нас и страда.
Друго што би требало да обратиш внимание е летвата. Многу чест проблем, а скап за промена (мислам дека на osmica8 му побараа 2000 евра во Аутомобиле СК), а за репарација е околу 150-200 евра.
Биди спремен за глупави грешки, пример Oil level warning failure, а наредното палење ти мери без проблем. После тоа ќе удриш на дупки и ќе ти светни "Rear foglight failure" а тебе ти свети.
Контактите за Air Bag под совозачко седиште се разлабавуваат и треба на секои два три месеци (читај кога ќе ти светни air bag) да ги откачиш да прсниш тро WD40 и ќе си проработи пак, ама ќе мора да ја избришеш грешката.
После тоа провери го добро ауспухот од почеток да крај. Знаат да скапуваат таму кај што се швајцувани и после некое време ќе ти се откачат две цевки како некој со бонсек низ путер да сечи

ама лесно се средува тоа (чистење и пак швајц

)
Што се однесува до моторот имам потполно доверба. Бев Италија летоска на одмор со возење со неа, ниту еден момент не се посомневав дека ќе ми направи некаков проблем.
То е то
