Кај некои модели на држачи воопшто ја нема таа тенка мембрана, сакам да кажам нема функција освен да штити можеби од прашина.
Инаку ова е Febi Bilstein долен држач за мотор (рекет), ставен пред 4 месеци во овластен Фиат сервис Илија. Не знаев дека оваа марка ќе ми стави, иако е наплатено како оригинален дел. Во Куманово сакав да ми го сменат за оригинален, што е направено (со Мопар мислам) ама имало друг поголем проблем што ги причинувал вибрациите, а тоа е набиен ауспух некаде пред моторот.
Корегирано е колку што е можно, плус со нов држач, нема вибрации како што имаше. Решивме да не отвараме работа со сечење на ауспух, монтирање, спојување, варење.