Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2838811 пати)

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15210 на: 16 Јули 2026, 18:48:00 pm »
Здраво дечки
Ќе треба да го репарирам турбото на мојот Фиат Браво 1.9
Кажете ми кое место/сервисер би ми го препорачале за репарација. И дали некој имал искуство со Турбо Ужице? Ви благодарам
Последно слушам дека има и незадоволни од таму за разлика од претходно. За жал немам точна препорака, знам дека имаше некој од околина на Скопје (не знам каде) бара да ја оставиш колата и додека не ја среди не ти ја враќа. Еден пријател 2 пати враќаше турбина репарирана во Ужице, овде му ја средија колата.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Ја пратив веќе турбината во Ужице,ќе видиме што ќе биде.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15211 на: 17 Јули 2026, 23:21:53 pm »
Денес добив одговор од Ужице. Перките и од двете страни се изедени,куќиштето е оштетено,wastegate актуаторот е неисправен,осовината со колото исто неисправна. Цена за да се среди е 400 евра.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5525
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15212 на: 18 Јули 2026, 12:11:50 pm »
Денес добив одговор од Ужице. Перките и од двете страни се изедени,куќиштето е оштетено,wastegate актуаторот е неисправен,осовината со колото исто неисправна. Цена за да се среди е 400 евра.
Kupi si nekoe reman turbo ako ima

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15213 на: 18 Јули 2026, 14:07:58 pm »
Денес добив одговор од Ужице. Перките и од двете страни се изедени,куќиштето е оштетено,wastegate актуаторот е неисправен,осовината со колото исто неисправна. Цена за да се среди е 400 евра.
Kupi si nekoe reman turbo ako ima

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Не ми понудија веќе репарирано кое е за продажба. Така да немало баш такво готово како моето.

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15214 на: 21 Јули 2026, 22:45:35 pm »
Дали можам некаде во Скопје да купам вакво капаче? Да не чекам од алиекспрес...

Капачето е за цревата од климата, тука се полни фреон. Оние клошарине од Мото Центар не го вратиле на место...

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15215 на: 21 Јули 2026, 23:34:58 pm »
Дали можам некаде во Скопје да купам вакво капаче? Да не чекам од алиекспрес...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Капачето е за цревата од климата, тука се полни фреон. Оние клошарине од Мото Центар не го вратиле на место...
Од колите што се на отпад иди и земи си едно. Не купувај скроз ново,немаш потреба.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15216 на: 23 Јули 2026, 08:22:55 am »
Каде во Скопје вршат поправка на фар, на едно возило имам кондензација на заден фар, треба да се среди?

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15217 на: 24 Јули 2026, 12:22:07 pm »
Здраво на сите. Ми треба инфо или совет од каде би можел да нарачам нов (заменски) заден трап за Мазда 2 од 2007 година?
Зборено со Autocentar кои ми нудат оригинален дел по баснословни суми, па се прашувам дали има опција да се направи нарачка од странство. Со половни не ми се ризикува.

Инаку проблемот е пукнат трап кој најверојатно кај голем број од овие возила е фабричка мaана и после 100-тина илјади км доаѓа до пукање.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18191
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15218 на: 24 Јули 2026, 13:47:10 pm »
И двете генерации (бидејќи твојава е на граница меѓу прва и втора генерација) се базирани на Ford Fiesta.

Прва генерација е базирана на Fiesta MK5 (ваква), а следната втора генерација е базирана на Fiesta MK6 (ваква).

Значи правец кон отпади за Фордови, пикај глава под кола, и прилично сум сигурен дека ќе наидеш на идентичен заден трап како твојот.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15219 на: 24 Јули 2026, 15:38:02 pm »
И двете генерации (бидејќи твојава е на граница меѓу прва и втора генерација) се базирани на Ford Fiesta.

Прва генерација е базирана на Fiesta MK5 (ваква), а следната втора генерација е базирана на Fiesta MK6 (ваква).

Значи правец кон отпади за Фордови, пикај глава под кола, и прилично сум сигурен дека ќе наидеш на идентичен заден трап како твојот.

Знам дека се на иста платформа со Фиестите ама отпадиве би ги оставил како последна опција доколку не успеам да најдам нов дел.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15220 на: 24 Јули 2026, 15:41:11 pm »
И двете генерации (бидејќи твојава е на граница меѓу прва и втора генерација) се базирани на Ford Fiesta.

Прва генерација е базирана на Fiesta MK5 (ваква), а следната втора генерација е базирана на Fiesta MK6 (ваква).

Значи правец кон отпади за Фордови, пикај глава под кола, и прилично сум сигурен дека ќе наидеш на идентичен заден трап како твојот.

Знам дека се на иста платформа со Фиестите ама отпадиве би ги оставил како последна опција доколку не успеам да најдам нов дел.

Нека ти го кажат ОЕМ бројчето од Аутоцентар и зирни по германскиве сајтови како Аутодок што има. После нарачај го преку Краго до Мк иако за така голем дел не очекувам дека ќе биде ефтино. Колку пари ти бараат Аутоцентар?

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15221 на: 24 Јули 2026, 15:52:04 pm »

Аутоцентар бара половина од вредноста на колата, 1700 евриќи  ;D Можеби е реална цена за оригинален дел, ама сепак не би дал толку кога заменски трапови се движат од 400 до 600 евра.
Ќе прашам или ќе пробам да го лоцирам на оштетениот дел.
Фала за инфо!

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 945
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15222 на: 24 Јули 2026, 15:58:52 pm »
Зошто не нарачаш заменски од Аутоцентар? Гледам дека ги нудат на нивната страница https://www.autocentar.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-mazda-2-hatchback-de-1.3-de3fs-d8950c1338.html

Алтернативно, побарај во Мега ауто партс, Солид, Крис и том. Можеби можат да ти набават.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2637
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15223 на: 24 Јули 2026, 16:00:25 pm »
На Аутодок.де има заменски по 200-300 евра. Мислам дека околу 350 до 400 би те фатиле до Македонија преку Краго да ги донесеш.

Отсутен Lezet123.

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #15224 на: 24 Јули 2026, 16:03:00 pm »
Зошто не нарачаш заменски од Аутоцентар? Гледам дека ги нудат на нивната страница https://www.autocentar.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82-mazda-2-hatchback-de-1.3-de3fs-d8950c1338.html

Алтернативно, побарај во Мега ауто партс, Солид, Крис и том. Можеби можат да ти набават.

Кога ги контактирав ми го понудија оригиналниот дел, кога им ги препратив заменскиве ми рекоа дека можеби не одговарале и затоа не ми ги понудиле.  :D
Инаку зборено со матичниот механичар, рече немаат.