Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2271733 пати)

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 62
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14760 на: 19 Октомври 2025, 19:26:15 pm »
Здраво,

Гледав ауди а4 1.4 тфси околу 150к поминати.При возење мењачот како да се придвижува да тресе по малку,а нормално си ги менува сите брзини.Дали некој има искуство со ова дали е нормално или има некој проблем?

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14761 на: 19 Октомври 2025, 20:19:33 pm »
Здраво,

Гледав ауди а4 1.4 тфси околу 150к поминати.При возење мењачот како да се придвижува да тресе по малку,а нормално си ги менува сите брзини.Дали некој има искуство со ова дали е нормално или има некој проблем?
слично некако мене така на голф 5 дизел со рачен 6-брзински мењач ми праеше, па по година и пол до две и поминати околу 60000-70000км ми откажаа неколку брзини па турив половен сега скоро.
мој совет е смена на масло, а ако ептен си загрижен види со мајстори за мењачи да го видат и кажат мислење.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6211
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14762 на: 20 Октомври 2025, 19:37:42 pm »
Дали некој нарачувал од amayama.com и дали има некоја друга алтернатива за нарачка на оригинални Тојота делови?

Конкретно ми треба уште инсталација со оем број 82125-30500.

Инаку сензорите ги најдов по 17.69€ парче оригинал Тојота на Amayama.


Од Toyota Германија добив понуда за 272€ по сензор. :(
Ми требаат два сензори плус инсталација, кога веќе расклопувам и вадам усисна грана да сменам сѐ комплет.

Има ли друга алтернатива? Истите работи во овластен коштаат околу 1,000 €. Се чека многу, но ако нема друг излез ќе мора.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4409
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14763 на: 21 Октомври 2025, 08:32:36 am »
Нестор, од тоа што читав на нет набрзинка, задоволни се луѓето, 4.6 оценка нагде најдов. На форумов веројатно никој не порачал до сега па да сподели искуство.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 904
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14764 на: 21 Октомври 2025, 10:04:16 am »
Имам добро искуство од Alvadi.ee и од Spareto.com за поретки делови и тоа за достава до Македонија. И едните и другите мислам дека бргу враќаат на мејл за достапност/залиха.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6211
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14765 на: 21 Октомври 2025, 10:05:14 am »
Нема на нив оригинален Denso/Toyota дел.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 823
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14766 на: 21 Октомври 2025, 19:39:48 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 160
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14767 на: 21 Октомври 2025, 20:07:47 pm »
Ланци и противпожарен апарат ако возилото се вози надвор од државата пр. Грција.

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5973
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14768 на: 21 Октомври 2025, 20:31:05 pm »
Флуоросцентни елеци. Миризливо од Мвр за тука, надвор не го барале.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8032
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14769 на: 21 Октомври 2025, 23:30:56 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат) дури и резервна гума ми имаат побарано. Исто сијалички пожелно е да имаш повеќе врсти кои ги поседува колата а обавезно Х7 (за средно светло).
Флуроцентно елече.

Отсутен lawyer204

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14770 на: 22 Октомври 2025, 00:23:45 am »
Имам добро искуство од Alvadi.ee и од Spareto.com за поретки делови и тоа за достава до Македонија. И едните и другите мислам дека бргу враќаат на мејл за достапност/залиха.
Како се овие со транспортни трошоци?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2647
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14771 на: 22 Октомври 2025, 12:38:20 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат) дури и резервна гума ми имаат побарано. Исто сијалички пожелно е да имаш повеќе врсти кои ги поседува колата а обавезно Х7 (за средно светло).
Флуроцентно елече.

Кога продавам кола оставам се комплет со колата, кога купувам кола ништо нема и па „јово на ново“ :). Значи мене ми фали флуроцентно елече сигурно, за сајла не сум сигурен дали имам.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6838
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14772 на: денес во 01:23:32 »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат)


Законски смееш да шлепаш.
Досега многупати постиран членот од закон за безбедност во сообракајот каде што е дозволено шлепање.
Отвори го законот и ќе видиш, од членовите 78 до 85 е регулирано влечење на неисправно возило.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6211
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14773 на: денес во 01:27:04 »
Смее, го има тоа и како прашање во тестовите од авто школа. Не смееш единствено на автопат и доколку возилото има дефект на уредите за управување или кочење.