Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2850123 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7037
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14760 на: 20 Октомври 2025, 19:37:42 pm »
Дали некој нарачувал од amayama.com и дали има некоја друга алтернатива за нарачка на оригинални Тојота делови?

Конкретно ми треба уште инсталација со оем број 82125-30500.

Инаку сензорите ги најдов по 17.69€ парче оригинал Тојота на Amayama.


Од Toyota Германија добив понуда за 272€ по сензор. :(
Ми требаат два сензори плус инсталација, кога веќе расклопувам и вадам усисна грана да сменам сѐ комплет.

Има ли друга алтернатива? Истите работи во овластен коштаат околу 1,000 €. Се чека многу, но ако нема друг излез ќе мора.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4724
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14761 на: 21 Октомври 2025, 08:32:36 am »
Нестор, од тоа што читав на нет набрзинка, задоволни се луѓето, 4.6 оценка нагде најдов. На форумов веројатно никој не порачал до сега па да сподели искуство.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 945
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14762 на: 21 Октомври 2025, 10:04:16 am »
Имам добро искуство од Alvadi.ee и од Spareto.com за поретки делови и тоа за достава до Македонија. И едните и другите мислам дека бргу враќаат на мејл за достапност/залиха.


Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7037
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14763 на: 21 Октомври 2025, 10:05:14 am »
Нема на нив оригинален Denso/Toyota дел.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 934
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14764 на: 21 Октомври 2025, 19:39:48 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 171
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14765 на: 21 Октомври 2025, 20:07:47 pm »
Ланци и противпожарен апарат ако возилото се вози надвор од државата пр. Грција.

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6424
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14766 на: 21 Октомври 2025, 20:31:05 pm »
Флуоросцентни елеци. Миризливо од Мвр за тука, надвор не го барале.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14767 на: 21 Октомври 2025, 23:30:56 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат) дури и резервна гума ми имаат побарано. Исто сијалички пожелно е да имаш повеќе врсти кои ги поседува колата а обавезно Х7 (за средно светло).
Флуроцентно елече.

Отсутен lawyer204

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 57
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14768 на: 22 Октомври 2025, 00:23:45 am »
Имам добро искуство од Alvadi.ee и од Spareto.com за поретки делови и тоа за достава до Македонија. И едните и другите мислам дека бргу враќаат на мејл за достапност/залиха.
Како се овие со транспортни трошоци?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2943
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14769 на: 22 Октомври 2025, 12:38:20 pm »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат) дури и резервна гума ми имаат побарано. Исто сијалички пожелно е да имаш повеќе врсти кои ги поседува колата а обавезно Х7 (за средно светло).
Флуроцентно елече.

Кога продавам кола оставам се комплет со колата, кога купувам кола ништо нема и па „јово на ново“ :). Значи мене ми фали флуроцентно елече сигурно, за сајла не сум сигурен дали имам.
Своерачен потпис ;)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7282
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14770 на: 23 Октомври 2025, 01:23:32 am »
Дечки,
Освен прва помош, резервни светла и тријаголник, што друго законски морам да имам во кола ?
Фала однапред.
Сајла за влечење (иако законски не смееш да се шлепаш ама ја бараат)


Законски смееш да шлепаш.
Досега многупати постиран членот од закон за безбедност во сообракајот каде што е дозволено шлепање.
Отвори го законот и ќе видиш, од членовите 78 до 85 е регулирано влечење на неисправно возило.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7037
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14771 на: 23 Октомври 2025, 01:27:04 am »
Смее, го има тоа и како прашање во тестовите од авто школа. Не смееш единствено на автопат и доколку возилото има дефект на уредите за управување или кочење.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14772 на: 23 Октомври 2025, 07:42:12 am »
Можиш и на автопат, доколку дефектот настанал на истиот и до следно исклучување.
Член 131

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14773 на: 23 Октомври 2025, 08:31:10 am »
Фино, ако смее. Знам едно време цајканиве казнуваа ,(барем така се збореше) за шлепање низ Скопје ама очигледно сакале да го разработат бизнисот со шлеп службите.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14774 на: 23 Октомври 2025, 10:15:45 am »
Со денешниве коли влечењето со сајла стана минато, и да сакаш не можиш.