Имам еден проблем со колата. Од предниот дел, долу, капи/течи масло, а оти то не го забележав првично, на автопат, колата зачади и замириса на изгорено масло. Ова досега се нема случено, веќе 5 год ја имам колата. Воопшто не само ова, туку никаков проблем сум немал со колата.
Е сега, на колата му е правен и мал и голем сервис пред 6 дена во АвтоКонтрол Прилеп. Веднаш ја вративме таму, да се провери шо е работата. Цел ден беше таму колата, па 1 сат пред крај на работно време се јавија од таму дека средиле, некои штрафови не биле зацврстени па затоа капело и сега било се во ред.
Јас и не се разбирам многу од коли, па викам ок, супер. На автопат кревам 100км/ч, почнува пак да мириса, паркирам, чекам и гледам пак капи масло! Значи, ништо не средиле!
Не разбирам како можи после мал и голем сервис ова да се случува, а плус требаше веќе да заминам на одмор и вака ми го зае*аа цел план, има голема шанса да ми пропадни одморот!
Ве молам за некаква препорака, што понатаму да се преземе.