Па и има право да се лути.
Да однесеш кола што немала проблеми дотогаш, особено како ова за редовни сервиси и ден потоа после сервисот да искочи нов проблем, секако паѓа сомнежот дека во сервисот се случило нешто.
Истото и со нашите службени коли се случува во сервисот каде што ги носиме, буквално после секој сервис на возилото, понешто се случува да не чини и секогаш нивниот одговор они не чепкале таму, не приметиле.
Дали сте чепкале или не, до тој момент колата го немала тој проблем, од моментот кога возилото го напуштило сервисот се појавил проблемот, еве ви ја колата со тој и тој новопојавен проблем, решете го.
Така да треба да си понесе одговорност сервисот ако возилото до моментот го немало тој проблем.
А пукната глава на мотор верувај нема да ја возиш толку долго без проблеми како што кажува членот дека немал проблеми, пукната глава на мотор одма ќе ги направи проблемите, течење масло, а во најмала рака и ќе отиде дихтунг на глава и ќе прегрева.
Така да другар инсистирај си на сервисот да си сноси одговорност, особено што и на второто враќање на возилото ти рекле еве стегнавме штрафови, сега е во ред, а на третово носење еј имаш пукната глава а во мегувреме достегале штрафови, така да моментот со второто носење и достегањето штрафови, па за потоа еј имаш пукната глава итекако го отвора сомнежот дека укашкале работа во сервисот.