Имам проблем со електронска паркинг кочница, не сака да ги олабави тркалата, само трепка и ми јавува проблем ,, Check Parking Brake,, Check Auto Hill,,.
Вака при кревање и спуштање го слушам моторчето работи, педалата за кочница ми се крева и спушта ама тркалата остануваат заглавени.
Како би можел да ја исклучам? Воопшто не може да мрдне колата, ни одење на сервис и шлеп служба не е опција. Само пајак да ме крене.
Единствено нешто што ми текна е преку акумулатор ама не помогна тоа.
Да напоменам колата ми седеше една недела на паркинг не мрдната, може ли топлово време да направи нешто?