Па да, со оглед на тоа што голем сервис се прави на одреден временски период, во опсег 5 до најмногу 10 години, и на одредена километража пропишана од производителот, секако дека да.
И ребрастиот каиш како и линискиот каиш ти се можеби пред повеќе од 5 години последно сменети или пак извозени 100 000 или повеќе километри.
Исто така и за антифризот, смени го целосно, не само да досипеш 2 литри она што фалело, секако и тој се менува на некој интервал од 5+ години.
Затоа и се вели голем сервис, не се прави секоја година.
А за цените, немораш Континентал, пример ИНА ти се генерално ок бренд, тоа е мид рејнџ, ниту најскап, ниту најефтин производител на автоделови, нека ти понуди и со други делови ако не сакаш континентал да биде целиот сет.